„Треба да си навистина дрзок криминалец свесен дека во Македонија не живее правото“: Најчевска за измените на Законот за локална самоуправа
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2024 17:31
Промените на Законот за локална самоуправа кои веќе се во Собрание според професорката Мирјана Најчевска се „безобразно изигрување на правото“.
Таа истакнува дека со овој закон се изигруваат и укинуваат демократските избори на градоначалникот, но дополнително укажува дека со еднократната употреба само се придонесува кон нефункционирањето на правото во Македонија.
- Иницијативата за промена на Законот за локална самоуправа (https://www.sobranie.mk/detali-na-materijal.nspx...), со која се предлага таква промена на законот со која општините чии градоначалници беа избрани за пратеници се до наредните локални избори (кога и да се одржат тие) ќе ги предводи градоначалник кој не е избран на таа функција од страна на граѓаните е очигледно и сирово безобразно изигрување на правото.
Со други зборови, ги укинуваат непосредните, слободни, демократски избори за избор на градоначалник.
Криминалците, пардон, феудалците, пардон, функционерите во власта си решиле по скратена постапка да го променат законот за локална самоуправа и тоа за еднократна употреба.
Еднократна употреба!!!!!!
Така може секој закон да се промени за еднократна употреба за задоволување на специфичен интерес на некој од криминалците, пардон функционерите во власта.
Треба да си навистина или правен аналфабета или дрзок криминалец свесен дека во Македонија не живее правото за да излезеш со ваков предлог - укажува Најчевска.
Еве ја нејзината објава:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




