Трендафилов обвинува за уцени: Не можеме да молчиме пред обидот да го уништат работничкото движење
Објавено во: Економија 09 Август, 2025 17:30
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, обвинува за притисоции врз работниците од страна на човек кој ги принудувал да се приклучат кон синдикат со име САДУ.
„ДАЛИ ЗА ОВА ТРПАТ РАБОТНИЦИТЕ?
ДАЛИ Е ОВОЈ ТОЈ?
Според информациите од работниците кои пристигнуваат до нас, изминатите неколку месеци, истово лице, во името на Владини функционери, пратеници, градоначалници, директори, партиски функционери им се заканувало на работниците да се приклучат кон некој си квази синдикат САДУ, во КСС, со нечовечки притисоци, со закани, со уцени по работни места, за влез во некој партиски синдикат кој ниту нешто барал, ниту нешто бара за работниците.
Работниците исплашени, беа изложени на страшни притисоци од горе наведените, па истите јавно ги прашувам, ова за Претседателот на КСС го правевте, со кој си фативте рака, за кој вршевте протисок, за кој се срамевте и се срамите ?
ССМ изминатиот период предупредуваше дека ги држат во рака, дека се марионета, дека се уценети, а доби и докази за таквата состојба, документи, комуникација, меилови, фалсификувани пристапници и истапници, дури според одредени сознанија и фалсификувани потписи на работници за прикажување на состојба дека се приклучиле на овој квази и партиски синдикат КСС.
Не молчевме и не можеме да молчиме пред обидот уценети луѓе да го уништат работничкото движење, да уништат работничките права, а чија главна цел е да не се зголемат работничките плати.
Денеска, најголем виновник за тоа што нема зголемување на платите по Општиот колективен договор во јавен сектор за 12,6% колку што се зголеми просечната плата е токму тој синдикат КСС кој заедно со СОНК ги продадоа работниците во образование за 7% зголемени плати, истиот овој за да ги поткопа пратостите за раст на платире и за да го минира протестот на 1 мај за зголемување на минималната плата, даваше изјави дека нема да протестира затоа што нема за што да протестира и организираше коктел со ,,сендвичи" во скап хотел, не за работниците, туку за функционерите, за да прослават на работничката мака, а не за да се изборат за работничката пот, зборуваше дека не се за зголемување на минималната плата, за да ги изигра работниците, за да нема минимална плата од најмалку 500 евра и за да не се зголемат останатите плати, а се за нивен личен интерес и на штета на работниците.
За тоа ли им дадовте на сила репрезентативност ?
Но што прават работниците во КСС, а што прават и оние прелетачи од КСОМ и УНАСМ со КСС е друго прашање?
Во вечната борба помеѓу трудот и капиталот, трудот ја има моќта само на својата бројност, обединет во синдикат, наспроти капиталот кој располага со парите, како и Власта која располага со политичка моќ.
Но знаеме како и со капиталот и како со власта да се избориме, за повисоки плати за работниците, а знаеме како и со кралот и со кралицата, но знаеме како и со дворскиот шут, со овие кои ги предале и кои се уште ги продаваат работничките интерси за лична корист, а веројатно ќе мораме да се справиме со нив.
Денеска, кога се обединуваме се повеќе синдикати кои се борат за зголемување на платите на работниците, зошто само заедно со работниците можеме да се избориме за зголемување на работничките плати, денеска се делиме на прави синдикати и на квази синдикати !
Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија повикувам на обединување на синдикатите, на обединување на работниците, за заедно, рамо до рамо да застанеме против неправдите, против ниските плати, против инфлацијата, против лошите услови за работа.
Да застанеме заедно, затоа што вакви уценети и квази синдикалци и синдикати, долго време правеа штета на работникот, доста време работникот трпеше поради нив.
Дојде време кога гледаме кој е за, а кој е против работниците !“, напиша тој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





