19 Декември, 2025
0.0502

ТРЕТА ДОЗА НА ВАКЦИНА ЌЕ СЕ ДАВА ОД ПОНЕДЕЛНИК: Препораката е за луѓе над 60 години и за сите граѓани со имунокомпромитирана состојба

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2021 13:35

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека од понеделник на сите вакцинални пунктови ќе може да се прима третата доза од вакцината против ковид-19. Рече дека критериумите и препораките кои ги даваат се врз основа на искуства од други земји и врз основа на препораки на меѓународни организации и врз основа на тоа, кај нас трета доза ќе може да примат повозрасните граѓани над 60 години, како и сите останати без разлика на возраста луѓе со имунокомпромитиран систем и за здравствените работници.

-Третата доза ќе биде од производителот Фајзер, без разлика со која вакцина претходно се вакцинирани граѓаните. Исто така, третата доза од вакцината според нашите препораки ќе се дава на лица кои се најмалку 6 месеци вакцинирани. Во земјава има доволно вакцини и тоа на сите вакцинални пунктови. По вчерашната пратка од 100.000 вакцини Фајзер, сега вкупно од овој производител има 250.000 дози, 50.000 Синовак и 100.000 дози Астразенека, истакна министерот Филипче.

Нагласи и дека препораката за трета доза важи и за оние кои прележале ковид-19. , а во Македонија ќе може да примат и оние кои претходно се вакцинирале во странство, но за тоа ќе треба да се пријават во кој било пункт во земјава за да се внесат нивните податоци, по што ќе можат да добијат и македонски сертификат. 

-На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 778.408 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Со последните бројки 55 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31 процент од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информираше Филипче.

На прес-конференцијата Филипче рече и дека ској момент очекуваат Данска да ја објави донацијата за македонија, која се однесува на 250.000 дози вакцини од компанијата Џонсон и Џонсон.

-Овие вакцини ќе имаат рок на траење до 2023 година, а донацијата нам ќе ни помогне да ја планираме вакцинацијата за следната година, истакна Филипче.

А. Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот