19 Декември, 2025
0.0431

Трета година „Академска пракса – Аџибадем Систина“ – повторно се проширува програмата за студентите

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2022 12:43

Добивај вести на Viber

Продолжува реализацијата на проектот „Академска пракса – Аџибадем Систина“.Tрета година студентите од Факултетот за медицински науки при УГД – Штип имаат можност да следат практична настава и да изведуваат практични вежби во најсовремената приватна болница во земјата.

Од огромно значење е што оваа година, програмата за студентите и можностите што ги нуди КБ „Аџибадем Систина“ повторно се прошируваат со отворање можност за студентите за следење на практични вежби на одделите за педијатрија и гинекологија.

„Ги следиме потребите на студентите и заедно со целиот тим на КБ ‘Аџибадем Систина’ наоѓаме соодветни решенија, со цел во секој аспект да придонесеме за професионално усовршување на студентите што извршуваат пракса или следат практични вежби во болницата. Благодарение на отвореноста на болницата и кооперативноста на сите што се дел од тимот, студентите имаат можност да бидат дел од  проект што секоја година се проширува и надградува“ – вели професор д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија и професор на Факултетот за медицински науки при УГД – Штип.

Минатата година покрај практичната настава, која ја следеа голем број студенти, ротирајќи на одделите за интерна медицина,  хирургија, педијатрија, гинекологија, првпат студентите имаа можност да посетуваат и практични вежби по онкологија и офталмологија, согласно со нивната наставна програма.

„Покрај комплексноста што со себе ја носи системот на најсовремената приватна болница во земјата, целта на КБ ‘Аџибадем Систина’е да отвори што повеќе можности за студентите, така што развивањето на проектот ‘Академска пракса - Аџибадем Систина’ се движи токму во таа насока. Така, со овој новитет, кој започна од оваа година, вклучувањето практични вежби и на одделите за педијатрија и гинекологија, КБ ‘Аџибадем Систина’ стана единствената медицинска установа во земјата, која покрај можноста за следење практична настава нуди и можност за изведување на практични вежби на одделите за онкологија, офталмологија, педијатрија и гинекологија“  – додава проф. д-р Петров.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии