Трета конференција за здравство на АмЧам - „Поттикнување на општествената вредност преку здравствена заштита”
Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2024 10:02
Денеска во Скопје, трета година по ред, ќе се одржи конференцијата за здравство во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија. Оваа година, конференцијата ќе биде на тема „Поттикнување на општествената вредност преку здравствена заштита“, а нејзина цел ќе биде да ги истражи значајните влијанија што инвестициите во здравството ги имаат за општеството.
На настанот ќе учествуваат повеќе владини претставници, лидери од фармацевтската индустрија, здравствени професионалци, академска јавност и претставници на меѓународни организации кои ќе ги адресираат клучните прашања и потребни чекори во унапредување на здравствената заштита во земјата.
Конференцијата ќе вклучи воведно обраќање на г. Вим Грут, професор по здравствена економија на Универзитетот Мастрихт во Холандија, кој ќе зборува за тоа како инвестициите во здравството ги трансформираат заедниците, притоа поддржувајќи ги економскиот раст и општествената отпорност и унапредувајќи го квалитетот на живот.
Агендата на конференцијата опфаќа три исклучително значајни панел-дискусии кои ќе придонесат да се адресира значењето кое здравствената заштита го има за целокупниот развој (сите сегменти на развојот) на едно општество:
1. Детерминирање (дефинирање) на влијанието и вредноста на инвестициите во здравството – Панелистот кои ќе дискутира околу тоа како инвестициите во здравството носат материјални и нематеријални општествени e г. Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија, како и претставници од СЗО, ООН и водечки гласови од индустријата.
2. Приоритизирање на незаразните болести (НЗБ) – дури 95% од сите смртни случаи во Северна Македонија се резултат на незаразани болести поради што од исклучително значење е да се стави фокус на стратегиите за управување, рана детекција и превенција на НЗБ. Темите ќе адресираат како со промовирање на грижа ориентирана кон пациентите и развој на национални планови за справување со незаразни болести може да се овозможи ефикасно решавање на овие итни здравствени предизвици.
3. Проширување на пристапот до здравствена заштита – кои стратегии ги преземаат другите земји за да го подобрат пристапот до неопходните лекови и технологии и како Северна Македонија може да ја унапреди и усовремени достапната здравствена заштита, користејќи ги најдобрите практики од Балканот .
Настанот може да се проследи онлајн со преносот во живо на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=jfr9F6JLNiM
Контакт:
Владимир Костовски / communication@amcham.mk / +38970213556
********************************************************************************************
За АмЧам Северна Македонија
Американската стопанска комора во Северна Македонија е бизнис асоцијација на повеќе од 150 членки од најразличен спектар на бизниси, од мали претпријатија и локални компании до големи странски инвеститори, кои заедно обезбедуваат вработување за повеќе од 42.000 лица и остваруваат годишен приход повисок од 9 милијарди американски долари.
Американската стопанска комора во Северна Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Поддршка за културата во Битола: MINT зад Шекспир фестивалот 2025
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 14 ноември изнесува 132,01 евра за мегават час, на МЕМО 130,29 евра за мегават час
А1 Македонија со успех ја реализира првата конференција Content Positive 2025
Едицијата „Големи зборови за мали уши“ ќе биде промовирана на Светскиот ден на детето, 20 ноември
КАМ е најпрепознатливa бренд-компанија и со најголема доверба меѓу граѓаните
СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СУПЕР МИЛИОНЕР ВО СКОПЈЕ, ОСВОЕНИ 6.352.014 ДЕНАРИ
Новото банкарство за млади е тука! Zipp Club пакет од Комерцијална банка – бесплатно, забавно и полно со поволности!
Фондацијата д-р Верица Механџиска обединува Херои во сите бои





