21 Мај, 2025
0.3706

Тргна работата! Новиот директор на МЕПСО за тревник, цвеќиња, листопадни и зимзелени садници ќе потроши 18.000 евра за една година!

Објавено во: Економија 17 Септември, 2024 13:34

Добивај вести на Viber

За уредување, засадување, одржување тревник пред влезот на МЕПСО како и за зимзелени и листопадни садници, систем капака по капка и цвеќиња државната компанија за една година ќе потроши речиси 18.000 евра

Новиот генерален директор на МЕПСО Бурим Латифи потпиша договор за набавка во неговиот мандат во државниот електропреносен систем – оператор (скратено МЕПСО н.з.).

Ни помалку ни повеќе станува збор за хортикултурно уредување на просторот пред деловната зграда, но и за набавка на зимзелени садници и цвеќиња за внатрешна декорација на централата на МЕПСО.

Тендерот го добила фирмата „Розен Центер“ од селото Стримница од општината Желино близу до Гостивар.

Договорот е со рок на важност од една година, а во тој период „Розен Центер“ ќе треба да испорача над 100 поединечни специфицирани стоки и услуги за хортикултурно уредување на тревникот пред МЕПСО, но и да постави систем за наводнување на тревникот и жардињерите пред влезовите на државната компанија.

Освен тоа тендерот предвидува набавка на повеќе од 60 типови зимзелени и листопадни садници кои треба да го разубават влезот и екстериерот пред дирекцијата на МЕПСО.

Меѓу нив во спецификацијата се предвидени за набавка садници по цена од 50 денари за парче но има и такви кои чинат и по 4.000, 5.000 или 9.000 денари за едно парче.

Надлежните од МЕПСО што ја спремале тендерската спецификација мислеле на се, па испланирале и набавка на цвеќиња рози. И тоа калемени стебла по цена од 2.950 денари за парче (со вклучен ДДВ).

Да биде впечатокот комплетен од МЕПСО мислеле и на цвеќиња за интериерно декорирање. Така на пример планирале набавка на Драцена Граганс (Masangeana wertak како што пишува во спецификацијата на понудата н.з.) која за едно парче чини 9.000 денари. Станува збор за вкупно осум типа на цвеќиња за вантрешна употреба од кои два типа се со цеи од по 9.000 денари за парче, а другите шест се по цена од 100 денари за парче.

Сите детали од спефикацијата во која се опфатени повеќе од 150 артикли (услуги и продукти) може да ја отворите на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/contracts/0

Договорот е склучен на 6 септември годинава и е доставен на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ ТАКСА ЗА МАЛИТЕ ПАКЕТИ НА ТЕМУ И ШЕИН - повеќе нема да бидат ослободени од царина

ЕУ ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ ТАКСА ЗА МАЛИТЕ ПАКЕТИ НА ТЕМУ И ШЕИН - повеќе нема да бидат ослободени од царина

Фактор анализа ПОЛОГ 2024: Како бизнисмените од руралните општини им држат лекции на стопанствениците од Тетово и Гостивар!

Фактор анализа ПОЛОГ 2024: Како бизнисмените од руралните општини им држат лекции на стопанствениците од Тетово и Гостивар!

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?

ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот

ТРАДИЦИИТЕ ТЕШКО ГИ НАПУШТАМЕ – жените остануваат дома, а мажите заработуваат за домот

МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

РАБОТНО ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ СТУДЕНТИ, ПЕНЗИОНЕРИ, СТРАНЦИ: Eве под кои услови...

ПРЕМИЕРОТ Е ОПТИМИСТ: Колкав раст на БДП очекува?

ПРЕМИЕРОТ Е ОПТИМИСТ: Колкав раст на БДП очекува?

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка

ПЛУС 1.200 ДЕНАРИ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО: ССМ објави колку чини минималната кошничка