26 Јуни, 2024
0.0265

ТРГОВЦИТЕ НА ЗИМСКИ ПОПУСТ НЕ СМЕАТ ДА ПРОДАВААТ ЛЕТНА ГАРДЕРОБА: Закон кај соседите со точни правила

Објавено во: Економија 25 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Попуст и распродажба не е исто, а трговците смеат да го користат терминот распродажа исклучиво ако објектот се затвора во следните денови. 

Ова се мал дел од одредбите кои со закон се регулирани во соседна Србија, каде денеска, согласно законот започнува сезонското намалување на зимската колекција.

Попустите можат да траат до 10 јануари. Согласно Законот за трговија, кој стапи на сила пред пет години, сезонските попусти во земјава почнуваат секој 25 декември и 10 јануари и 1 и 15 јули и можат да траат најмногу 60 дена. 

Попуст и распродажба не се исти. Терминот „распродажба“ може да се користи само во случај кога трговецот ќе ја затвори продавницата или ќе престане да се занимава со таа активност. Исто така, важно е да се истакне дека трговците со закон се обврзани да стават на попуст барем дел од артиклите. 

„Терминот распродажба може да се користи само во случај кога трговецот ја затвора продавницата или кога ќе престане да се занимава со таа активност. Ниту, терминот попуст не може да се користи надвор од рокот што го дефинира законот. Може да се користи само како промотивна цени. Ова е термините кои се најзастапени на пазарите кога доаѓа важен датум/настан (како разни прослави, Божиќ, Нова Година итн.)“, изјави Марко Драгиќ, правен советник во НОПС.

Трговците овој период не смеат на попустат и изложуваат артикли кои се летни. Како што објасни Марко Драгиќ, адвокат во НОПС, „кога станува збор за сезонски попусти, мора да се применуваат и почитуваат роковите предвидени со Законот за трговија, доколку се работи за зимски попуст, во тој период се намалуваат само зимските производи, додека пак кога има летен попуст, тогаш се нуди само летна гардероба“.

Доколку, на пример, во соопштението на продавницата стои дека цените ќе бидат намалени до 80 отсто, тогаш според Законот за трговија, во продажниот објект мора да има најмалку една петтина од робата во асортиманот на трговецот на мало со намалена цена за 80 проценти.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија

СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија