Трговец од малопродажба назначен да купува и продава струја за ЕСМ

Објавено во: Економија 07 Септември, 2022 09:27
АД ЕСМ на крајот од минатиот месец го назначил Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ Продажба, која купува увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја.
Според она што го има „Фактор“ како информација, станува збор за жител на Лажани од Општина Долнени и, споредпретходно објавени медиумски написи, се работи за сопственик на локален маркет.
Функцијата управител ќе ја врши на определено време од 12 месеци во периодот од 1 септември до 31 август следната година. Инаку ЕСМ Продажба за помалку од една година промени тројца директори.
Поранешниот советник на екс-премиерот Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, по шест месеци беше отповикан на почетокот на годинава. Потоа на поранешно ЕЛЕМ Трејд за директор беше назначен Синиша Ивановски.
„Фактор“ изминатиот четврток испрати прашања дали новоназначениот директор доаѓа од редовите на АД ЕСМ или од комерцијалниот сектор и дали според својата биографија ги задоволува професионалните критериуми да ја извршува таа функција, но одговор досега не добивме.
ЕСМ Продажба во изминатите денови е критикувана од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на привилигирани трговци по цени кои се пониски од берзанските.
За време на грејната сезона се очекува поголема активност од ЕСМ Продажба во купувањето на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Владата со одлука веќе одобри 50 милиони евра за авансни плаќања во енергетската криза, а дел од овие пари се предвидени и за купување на увозна струја.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И БОНУС ОД 700 ЕВРА ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПОДРАВКА: Компанијата годишно ќе инвестира 5,7 милиони евра

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

ПРВА ТУЖБА ЗА ЦАРИНИТЕ, КАЛИФОРНИЈА ПРОТИВ ТРАМП: „Самоволната глобална трговска политика не е игра“

ДОСЕГА НЕВИДЕН „БУМ“ НА ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ЕВРОПА: Трендот продолжува и годинава

МЕРЦЕДЕС ПРЕФРЛА ДЕЛ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО ВО УНГАРИЈА, НО ТОА ГО ПРАВИ ТАЈНО: Во Германија ќе згаснат илјадници работни места, во Унгарија се отвораат нови за помалку пари

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЌЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ИНЖЕНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Владата озаконува паушални фактури за струја

NVIDIA ОЧЕКУВА ЗАГУБА ОД 5,5 МИЛИЈАРДИ ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Џенсен Хванг итно пристигнал во Пекинг
