Добивај вести на Viber
Трговската војна меѓу Македонија и Косово го вклучи алармот во Брисел. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија бара сите страни во овој судир, што прераснува во целосно ембарго на официјална Приштина за македонските производи и патни такси за Косоварите при влез во Македонија, да се држат до обврските преземени во рамки на Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).
- Ние се стремиме кон појаснување на неодамнешните пријавени мерки и очекуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски во рамките на ЦЕФТА - рече портпаролот на Комисијата, Петер Стано, во изјава за МИА.
Гласноговорникот на неформалната влада на ЕУ не сакал да влезе во детали дали Унијата ќе се вмеша подиректно со цел надминување на спорот меѓу Македонија и Косово.