Три дами ќе ја водат Народна банка на Република Македонија
Објавено во: Финансии 04 Септември, 2018 10:07
Гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, ги предложи м-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска за вицегувернерки на Народна банка на Македонија во својот тим по спроведениот оглас.
Нацевска во Народната банка на РМ досега бешее советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции, а Митреска доаѓа како директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ.
Нацевска досега го следеше процесот на интеграција на Македонија кон европската Унија, го следи националниот платен систем и учествува во креирањето на проекциите, додека Митреска во дирекцијата беше задолжена за извештаите и аналитичките истражувања.
Предлогот за именување на вицегувернери на Народната банка на Република Македонија е доставен во Собранието на РМ.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




