05 Декември, 2025
0.0570

Три мали правила

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2012 08:43

Добивај вести на Viber

Не постои брз начин за решавање на нашите финансиски проблеми. Посебно не во време на постојани поскапувања. Сепак,  можеби треба да дадеме шанса на овие три интересни правила кои треба да ни бидат појдовна точка кон подобра финансиска иднина: СЕ РАДУВАТЕ ЛИ КОГА ТРОШИТЕ? ОБИДЕТЕТЕ СЕ ДА СЕ РАДУВАТЕ КОГА ШТЕДИТЕ  -          Нормално, пред се треба да имате што да штедите. Сите си велиме така. Но, да се запрашаме колку радост чувствуваме кога купуваме некои производи. Чувството е навистина прекрасно. И треба да е така. Сепак можеби би било убаво да се обидеме да најдеме начини кои ќе не исполнуваат и при штедење. Можеби би било добро да се води евиденција за тоа колку со некој потег сме успеале да ја намалиме потрошувачката. На пример дали навистина го трошиме интернет пакетот кој го плаќаме или дали ги трошиме сите минути кои ги имаме на располагање. Кога ќе направиме збир од неколку навидум ситни трошоци можеме да скратиме неколку илјади денари месечно. Исто така кога тргаме пари на страна би требало да си поставуваме задачи колку овој месец треба да тргнеме на на штедна книшка. Кога поставуваме задачи што можеме да ги исполниме, треба да пробаме да бидеме дисциплинирани и да ги исполниме. Тогаш ќе се чувствуваме и побогати и поисполнети ЗАВИСЕТЕ ОД СЕБЕСИ  -          Постојано сме сведоци на обвинувања. Секој на секого му е крив. Според многу истражувања потребно е да се потпреме на себеси и најмногу на себеси. Кога ќе сфатиме дека зависиме само од нас ќе почнеме да се вртиме сами кон себе. Ова ќе предизвика неминовно преиспитување на тоа каде се наоѓаме и што треба да направиме со себеси. На тој начин ќе можеме да направиме вистински потези кои ќе ја направат нашата иднина подобра. ЖИВЕЈ ПОД МОЖНОСТИТЕ  -          Светот не би одел напред доколку луѓето не трошат. Сепак се чини дека светот претера со конзумеризмот. Посебно претераа оние што трошеа повеќе отколку што имаа. Без разлика дали се држави или луѓе сите имаат проблем. Добро размислите кога ќе купувате нешто,  дали го купувате од потреба или од желба. Доколку главниот мотив е желбата, подобро кажете не, барем за некое време. Верувајте на крајот така излегува подобро. Р.Ф

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници