07 Април, 2025
0.0297

Три милиони евра казна и можни кривични пријави за трговците со струја кои картелски се здружувале

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2014 08:10

Добивај вести на Viber

Глобата од три милиони евра што ќе ја платат четирите компании, кои се казнети од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) за картелско здружување е навидум висок износ. Особено ако земеме во предвид дека вредноста на трговијата со електрична енергија минатата година изнесувала 128 милиони евра, а дополнително количините и вредноста на увозот секоја година растат. Компаниите обвинети и казнети за картелско здружување „ЕФТ Македонија“,  „ЕЗПАДА“, „РУДНАП“,„ГЕН-И Скопје“ и „ГЕН-И тргованје ин продаје електричне енергије“, се истите компании кои имаат најголеми удели на пазарот на електрична енергија во земјава. Комисијата за заштита на конкурентноста во своето соопштение, не наведе колкави штети предизвикале фирмите на државната компанија ЕЛЕМ преку картелското здружување и договарање на цени и распределба на количини. Kомпаниите освен што ќе мора да платат парична глоба, заради прекршување на Законот за заштита на конкуренцијата, ризикуваат да се соочат и со можноста да добијат и кривични пријави. Трговијата со струја атрактивен бизнис ЕФТ Македонија е една од најстарите компании кои се бават со трговија на струја во Македонија. Трговијата со електрична енергија станува особено атрактивен бизнис во Македонија. Иако повеќе од деценија ЕФТ Македонија, а подоцна и ГЕНИ-М, Руднап, а последната година и новата Енерџи Диливери Солушнс (ЕДС) на Кочо Анѓушев, имаат доминантна улога во трговијата со струја, во земјава преку 30 компании имаат лиценци за трговија. Повеќето неактивни, но несомнено овој бизнис останува да важи за еден од најатрактивните. Инаку, претходно повеќе од десет години на чело на компанијата ЕФТ стоеше сегашниот сопственик на ЕДС Кочо Анѓушев. По неговото излегувањето од ЕФТ Македонија , ЕДС презема дел од дотогашниот удел од пазарот на ЕФТ Македонија . Доминантно учество на пазарот има и словенечката компанија ГЕН-И на чие чело долги години беше Ристо Павлов. ГЕН-И исто така има водечки удели во вкупната трговија со електрична енергија на македонскиот пазар, како и РУДНАП, чиј тогашен прв човек Горан Чогеља сега е советник во државна институција. Ова не е прва ваква одлука на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Пред две години за прекршување на Законот за заштита на конкуренцијата беа казнувани повеќе компании од електроенергетскиот сектор, а беа казнети и две компании од фармацевтскиот сектор за договорен настап на тендер.

Можеби ќе ве интересира

Samsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба

Samsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба

ЕДС именува нов генерален директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации

ЕДС именува нов генерален директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации

„Арс Ламина“ го распиша литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

„Арс Ламина“ го распиша литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

Моќта на зелената терапија - македонските планини може да бидат лек за стресот

Моќта на зелената терапија - македонските планини може да бидат лек за стресот

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧЕ ВАСИЛЕВ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.642.577 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧЕ ВАСИЛЕВ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.642.577 ДЕНАРИ

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“