19 Декември, 2025
0.0356

ТРИ СКРИЕНИ ЗНАЦИ НА ЗАРАЗА СО ОМИКРОН: Се појавуваат како болки во неколку делови телото, а малкумина се загрижени

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2022 09:43

Добивај вести на Viber

Покрај најчестите симптоми на омикрон, постојат три клучни болки на кои треба да обрнете внимание. Симптомите се многубројни, но трите основни знаци дека сте заразени со вирусот се кашлица, губење на вкус и мирис и треска.

Меѓутоа, како што се појавија нови варијанти на вирусот, симптомите се менуваа со текот на времето. Омикрон во моментов е најдоминантниот вид на ковид и се покажа дека е поблаг од претходната варијанта, особено кај вакцинираните луѓе.

Иако експертите велат дека може да почувствувате болка по целото тело, постојат необични симптоми на кои треба да обрнете внимание:

Лумбална болка

Главоболка

Болка во коленото

Лумбална болка

Болката во долниот дел на грбот беше означена како симптом на омикрон во декември 2021 година, кога за прв пат се појави во Јужна Африка. Беше потребно извесно време за истражување да се потврди овој симптом, додека сега е наведен како еден од најчестите симптоми на вирусот.

Главоболка

Ако се разбудите со екстремно силна главоболка, немојте да се изненадите ако се испостави дека е омикрон. Главоболките се многу честа појава кај оние кои се заразени со Ковид, дури кај речиси 67% од заразените. Многумина мислат дека ова е само уште една редовна главоболка, а всушност не ни знаат дека се заразени со вирусот, поради што не одат на тестирање.

Болка во коленото

Лекарите велат дека може да се јави болка во пределот на коленото, што може да значи појава на вирусот. Се верува дека болката во мускулите е резултат на воспаление кое може да се почувствува преку лигаментите и зглобовите.

Д-р Питер Ванг, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил, вели дека голем дел од болката поради инфекцијата со Ковид се чувствува околу меките ткива и зглобовите. Сепак, на експертите не им е јасно зошто овој симптом се чини дека е почест кај омикрон отколку кај постарите соеви на вирусот.

А најчестите симптоми на корона вирусот се:

Течење на носот

Главоболка

Болка во грлото

Замор

Кивање

Постојана кашлица


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот