Три жени иако биле заразени со коронавирусот, но не седеле во самоизолација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Август, 2020
Две жени од Струмица и една од Ресен, иако требало да седат во изолација, и биле позитивни на коронавирусот, сепак не ја почитувале мерката.
Тие биле на домашно лекување, потпишале изјави за самоизолација, но полицијата не ги нашла дома.
ОВР Ресен поднесе кривична пријава против М.А.(30) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Полицајци на 14 месецов при контрола во домот на пријавената утврдиле дека не ја почитувала потпишаната изјава за самоизолација.
СВР Штип поднесе кривична пријав против Н.Н.(64) и С.Ј.(24), двете од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 10 и 15 август во домовите на пријавените, полициски службеници извршиле контроли за придржување на мерките за заштита од COVID- 19, но тие не се затекнати во домовите, со што не ги почитувале мерките на изолација и лекување во домашни услови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.