24 Мај, 2024
0.0292

Триесетина луѓе добиле кислородна поддршка поради вдишување на чад

Објавено во: Македонија 10 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Дел од луѓето кои се вклучени во гаснењето на пожарите во Малешевијата деновиве побарале лекарска помош. Поради вдишување на чад, некои од нив имале потреба од кислородна поддршка.

„Луѓето кои го гаснеа огнот беа задишани, имаа потреба од кислородна поддршка. Овие денови околу 30 луѓе добија кислородна поддршка, но очекуваме дека отпосле некој може да покаже симптоми, со кашлица, бронхитис откако чадот ќе се спушти во белите дробови. Делуваме со две екипи“, рече Руменка Станоевска, директорка на Здравствен дом Пехчево.

Здравствениот дом Берово има пет екипи во функција на укажување на помош за граѓаните. Весна Коловска, директорката на Здравствен дом Берово вели дека досега еден пожарникар од Словенија кој паднал на терен побарал помош и кај него е направена рентгенографија, при што е констатирано дека немал повреди.

„Постојано сме во координација со ЦУК и МВР, доколку е потребна помош, но зголемен обем на работа нема, немаше луѓе да се пожалат на изгореници или да побараат кислородна поддршка“, вели таа и додава дека штом пожарот е надвор од селата, се намалува и потребата од постојано дежурање на лице место.

Марија Глигоровска, директорка на Здравствениот дом во Делчево смета дека досега луѓето кои ги гаснат пожарите добро се чуваат, а пред неколку дена бугарски пожарникар се пожалил дека поради чадот има проблеми со очите.

„Досега немало некој да се пожали на изгореници, опекотини, но ние сме подготвени да делуваме веднаш, имаме и доволно боци со кислород доколку на некој му е потребна кислородна поддршка. Постојано сме во координација и со Министерството за здравство, и во било кое време можеме да се обратиме доколку имаме потреба од возило или нешто слично доколку се случи некоја хаварија“, вели Глигоровска.

Додава дека имаат пет екипи кои се на располагање да помогнат на терен, но на готовс се и приватните лекари кои се обрзани и се тука да помогнат доколку е потребно.

Чадот од пожарите кои беснеат во Македонија е штетен за сите возрасни групи, но најранливи се постарите и хронично болните.

Најпогодени ќе бидат оние кои и досега имале белодробни заболувања, астма, имале фиброза или биле пушачи. Кашлање, гушење, болка во градите се само дел од симптомите кои може да се јават кај нив. Пулмолозите советуваат луѓето кои се во близина на жариштата да се заштитат со маски Н-95.

„Вдишувањето на чадот е многу штетно за хронично болните луѓе со белодробни заболувања, постарите, луѓето кои имале бронхитис, астма, фибрози, но тоа не значи дека младите нема да бидат погодени. Ќе има влијание и кај нив, посебно кај оние кои имаат алергии. Чадот е штетен и за децата и бремените жени“, рече доктор Севдали Незири.

Чадот од пожарите во Малешевијата се прошири не само во пограничните места во Бугарија, туку истиот е почувствуван дури и во Софија.

Сања Атанасовска


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова се сретна со Папата, но средба со Радев немаше

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова се сретна со Папата, но средба со Радев немаше

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР СО „ВРЕДИ“: Местото на ДУИ е во опозиција

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР СО „ВРЕДИ“: Местото на ДУИ е во опозиција

ФПСМ: Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ при искачувањето на Хималаите имал проблеми, но е надвор од животна опасност

ФПСМ: Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ при искачувањето на Хималаите имал проблеми, но е надвор од животна опасност

СПАСОВСКИ: Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава

СПАСОВСКИ: Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

УТРОВО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА: Мијалков е на слобода

УТРОВО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА: Мијалков е на слобода

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор