Трифонов реагира затоа што бугарски пожарникари помагаа во гаснењето пожари во Македонија
Објавено во: Македонија 06 Август, 2021 07:07
Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ која победи на неодамнешните парламентарни избори, Слави Трифонов се огласи на Фејсбук со критики за неговата држава што испратила помош за гасење на пожарите во Македонија кога и во Бугарија беснеат пожари.
„Ситуацијата со пожарите на Балканот е исклучително тешка. Прекрасно е да имаш добри соседи кои можат да одговорат на барањата за помош кога треба. Прекрасно е да си солидарен, да си добар и да даваш поддршка. Но, не мислам дека кога твојата куќа и куќата на соседот горат истовремено треба да одиш и да ја гасиш таа на комшијата. Одлично е што ѝ помагаме на Северна Македонија и така треба, но каде води тоа? Кај нас недостигаат пожарникари и со пожарите треба да се справуваат шумските работници“, пишува Трифонов.
Потсетувајќи дека во Бугарија настрадале пожарникари, тој вели дека бугарската држава треба неодложно да го мобилизира сопствениот потенцијал за да се справи со пожарите во земјата, но и да побара помош од Европската Унија.
Во Македонија има повеќе жаришта. Гори и во Грција и Турција.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




