02 Јануари, 2025
0.0273

Триглав Осигурување со нова услуга за своите клиенти на доброволно приватно здравствено осигурување

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2024

Добивај вести на Viber



Онлајн пријава на осигурен случај преку OneID

Триглав Осигурување, на 1-ви април, 2024-та година воведува нова услуга за своите клиенти на доброволно приватно здравствено осигурување – онлајн пријава на осигурен случај преку OneID. Ова решение на клиентите ќе им овозможи на едноставен, брз и безбеден начин да поднесат онлајн пријава за надомест на трошоци по здравствено осигурување.  

Клиентите, платформата за пријава на осигурен случај ќе можат да ја користат кога имаат потреба од рефундација или гаранција на средства за медицински услуги, за коишто имаат покритие согласно склучениот договор за осигурување. За пријава на осигурен случај онлајн, потребно е да имаат креиран кориснички профил на апликацијата OneID, кој што овозможува нивна лична електронска идентификација. Електронската идентификација е најсовремено дигитално решение, со високо ниво на доверливост, со кое што корисниците на апликацијата можат да се идентификуваат и дигитално да потпишуваат документи со својот електронски потпис. Трошоците за креирање и користење на овој профил за потребите на пријава на осигурен случај во потполност ги покрива Триглав Осигурување. OneID профилот клиентите можат да го креираат на својот мобилен уред, со преземање на мобилната апликација OneID*.

Процесот на пријава е исклучително едноставен, овозможува брзо и безбедно поднесување на онлајн пријава за надомест на трошоци, а им нуди на клиентите увид во процесот на решавање на барањето, како и документацијата што ја потпишале и поднеле. 

Во денешниот дигитален пејзаж, кој што се развива со неверојатна динамика, посветени сме на искористување на моќта на технологијата, за да обезбедиме исклучително корисничко искуство. Развиваме и користиме дигитални решенија за да понудиме непречен пристап до нашите услуги, поставувајќигисигурноста и корисничката поддршка на дофат на клиентите. Онлајн пријавата на осигурен случај преку OneID за нашите клиенти на доброволно здравствено осигурување е исклучително иновативно, но воедно и едноставно решение, кое носи придобивки за обете страни, за клиентите, кои од удобноста на својот дом можат да побараат надомест за трошоци безбедно и брзо, но и за нас, затоа што ова решение значајно ги оптимизира, т.е. ги поедноставува и подобрува процесите на управување со пријавите. Дополнително, ова решение нуди транспарентност на процесот на пријава за надомест на трошоци и веруваме дека ќе им помогне на клиентите полесно да се справат со потешкотиите, со кои што се соочуваат во овие моментиизјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ. 

Клиентите ќе можат да пристапат до платформата за онлајн пријава на осигурен случај за доброволно здравствено осигурување на следниот линк.

Повеќе информации за услугата можат да се обезбедат тука

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Како да управувате со вашиот долг?

Како да управувате со вашиот долг?

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

Предновогодишна донација за Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести

Предновогодишна донација за Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост