Добивај вести на Viber
Бонитентната агенција „А.М. Бест“ повторно и додели бонитетна оцена за финансиска моќ: „А-“ (одлично) на Заваровалница Триглав. Агенцијата истовремено ја потврди оцената „А-“ и за кредитната способност на компанијата. Истата вкупна бонитетна оцена „А.М. Бест“ ја додели и на Позаваровалница Триглав Ре.
Бонитетните оцени имаат стабилна среднорочна прогноза. Бонитетните оцени на Заваровалница Триглав и на Позаваровалница Триглав Ре се одраз на нивната солидна капитализираност, прилагодена на ризиците, добрите деловни резултати и доминатната конкурентска положба на групацијата Триглав на словенечкиот пазар.