19 Декември, 2025
0.0547

ТРИКАФТА ЌЕ ПОЧНАТ ДА ПРИМААТ ВЕЌЕ ОД УТРЕ ОСУМ ПАЦИЕНТИ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА: Две таблети сабајле, една навечер

Објавено во: Македонија 09 Март, 2023 13:38

Добивај вести на Viber

Ова е првата фаза со која почнува терапијата со лекот „Трикафта“ за најтешко болните пациенти од реткото хроничнo заболување цистична фиброза. Едно дете и седум возрасни пациенти веќе од утре ќе почнат да го примаат лекот кој од денеска веќе е на Клиниката за детски болести.

- Лекот од утринава веќе е пристигнат на Клиниката, и веќе ги примаме пациентите кои треба да почнат со терапијата. На Детската клиника ќе примиме шест пациенти, а двајца ќе се водат на Клиниката за пулмологија. Очекуваме дека овие денови ќе почнат да ја примаат терапијата, некои од утре и секако очекуваме позитивен ефект во однос на подобрување на нивната белодробна функција, во однос на подобрување на нивниот квалитет на живот, нутритивниот статус, намалена  потреба од хоспитализација и секако поактивен живот на овие пациенти. Она што можам да кажам дека од овие осум пациенти кои први ќе пончат да го примаат лекот „Трикафта, двајца се во навистина критична состојба и тие ќе бидат третирани на Клиниката за пулмологија, и кај нив е неизвесен ефектото од терапијата, но секако ќе се обидеме да им ја подобриме белодробната функција која е основна за нивниот квалитет на живот. Инаку добивме пониска цена за овој лек, заради што во првата фаза на примање на лекот дадовме предлог да вклучиме уште четири пациенти, изјави денеска директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Стојја Нацева Фуштиќ.

Станува збор за едногодишна таблетарна терапија која пациентите ќе ја подигнуваат еднаш месечно од Клиниката за детски болести. Наутро се пијат две таблети од еден комбиниран модулатор и една таблета навечер.

-Тоа е терапија која ќе си ја примаат дома и не се врзани со хоспитализација, додаде проф. д-р Фуштиќ.

А. Б.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот