17 Декември, 2025
0.0547

Трите најголеми банки во Македонија чуваат 342 милиони евра во обврзници и записи

Објавено во: Економија 05 Август, 2013 12:57

Добивај вести на Viber

Трите најголеми банки во Македонија: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и „НЛБ Тутунска“ банка чуваат 21,07 милијарди денари (342 милиони евра) во хартии од вредност за првото полугодие годинава, покажуваат нивните официјални неревидирани податоци. Дури 17,19 милијарди денари (279 милиони евра) се нови вложувања на трите банки реализирани во првите шест месеци годинава.

Огромен дел од вложувањата во хартии од вредност се всушност купувања на државни записи и државни обврзници кои ги издава Министерството за финансии во име и за сметка на Владата, а во помала мера и благајнички записи што ги издава Народната банка и со овој инструмент го контролира девизниот курс на денарот и каматните стапки.

„Стопанска банка Скопје“ е лидер по вредноста на портфолиото во кое се чуваат хартиите од вредност, кои речиси без исклучок се издадени од државата. Вредноста на ова портфолио изнесува 9,58 милијарди денари (повеќе од 150 милиони евра).

Според официјалните податоци од таа банка за една година нејзиниот врвен менаџмент одлучил и докупил хартии од вредност (записи и обврзници) во противвредност на 6,19 милијарди денари (100,5 милиони евра). Со тие докупените во првите шест месеци и со тие што ги поседувал лани сега таа банка има повеќе од 150 милиони евра во хартии од вредност и е убедливо прва во споредба со другите две големи банки во земјава, пишува „МКД“.

Но и менаџерите на „Комерцијална банка“ и на „НЛБ Тутунска банка“ влегле во трка за купување хартии од вредност. Официјалните податоци се неверојатни и укажуваат на тоа дека менаџерските структури во двете банки во купувањето на хартии од вредност откриле „Ел Дорадо“ кое лани во периодот јануари-јуни не можеле да го видат.

Така, годинава менаџерите на „НЛБ Тутунска банка“ „во јуриш“ вложиле 5,91 милијарда денари (безмалку 96 милиони евра) повеќе од истиот период лани во записи и обврзници кои во најголема мерка ги издава државата.

Лани во истите инструменти истите менаџери од истата банка вложиле само 120 милиони денари (околу 2 милиони евра). Слична е приказната и со врвните директори на „Комерцијална банка“. Во првите шест месеци годинава во хартии од вредност вложиле 5,09 милијарди денари (82,6 милиони евра) повеќе од лани. Тогаш во истите финансиски инструменти вложиле 370 милиони денари (околу 6 милиони евра).

За споредба: „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и „НЛБ Тутунска банка“ во првото полугодие лани во хартии од вредност чувале само 63 милиони евра, а годинава имаат вложено нови 279 милиони евра во записи и обврзници, што е пет и пол пати повеќе од првото полугодие лани!

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас