Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем
Објавено во: Мои пари 18 Април, 2024
Вчера се одржа тркалезна маса посветена на “фриленсерството” во Северна Македонија, организирана во рамки на проектот ‘Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД. На тркалезната маса се дискутираше за новите нестандардни форми на “вработување”, со фокус на промоција на фриленсерството преку дигитални платформи, како можност за само-вработување и генерирање дополнителни приходи.
На тркалезната маса присуствуваа преставници од владините и невладините организации, претставници на интернационалните развојни организации, како и независни експерти и фриленсери кои ги споделија своите ставови и гледишта.
Дигиталните платформи за работа кои се користат за давање на
најразлични услуги се резултат на најновата технолошка револуција на пазарот на
труд. Бидејќи се релативно нови, истражувачите се стремат да ги дефинираат и
измерат, додека креаторите на политиката се соочуваат со предизвикот како да ги
регулираат. Овие платформи имаат генерално позитивно влијание на економијата и
придонесуваат за креирање на работа и иновации и овозможуваат приход за
работниците (често дополнителен) и можност за пристап до вработување на ранливите
категории на граѓани.
“Во С. Македонија расте бројот на фриленсери кои што сакаат да работат од дома, со флексибилен распоред на своето време и да имаат директен пристап до глобални пазари и да бидат конкурентни на тие пазари. Водени се од личниот раст и развој и постојано вложуваат во стекнување на нови вештини и усовршување на постоечките. Се уште социјалниот статус на фриленсерството не им нуди социјални бенефити и сигурност. Но барем од табу тема Импакт Фондација преку проекти од различни донатори, во последните две години успеа да ја смени перцепцијата на јавноста и да ги мотивира фриленсерите јавно да истапат да вложуваат во себе и денес да бидат горди на својата успешна фриленсерска кариера.” - објаснува Елена Иванова, директор на Импакт фондација, организатор на тркалезната маса.
Помеѓу главните предизвици за фриленсерите кои беа дискутирани се: неможноста за остварување на работнички и социјални права (особено за женската млада популација); отсуството на форма во постојното законодавство која нуди истовремено и флексибилност за работодавачите и сигурност за работниците; потребата за уредување на статусот во регулативата, комплексните административни процедури за плаќање на данокот на личен доход при остварувањето приходи од странство; комплицираниот пристап до приватно здравствено осигурување, можностите кои се понудени од државата за едукација и усовршување на вештините, непостоење на платформа која ги содржи сите информации кои им се потребни и сл.
Надлежните институции, како Министерството за труд и социјална политика, Министерство за финансии, како и Агенцијата за вработување на РСМ, се отворени и сакаат да одговорат на потребните на фриленсерите. Но, не постои брзо решение за трајно да се реши проблемот. Македонскиот закон за трудово право е ригиден и не препознава нови форми на вработување. Постои инцијатива и во процес е изработка на закон за воведување на нова регулатива во делот на работа на дигитални платформи и регистар за доброволно и самостојно регулирање на придонесите за пензиско и здравствено осгиурување. За да се забрза процесот, потребно е да се дефинира категоријата на лица кои ги вршат овие работи и видот на ангжаманот, со цел да се создаде основ по кој фриленсерите ќе имаат директна врска за влез во задолжителното социјално осигурување.
Иако сегашната регулатива дозволува да се плаќаат придонесите, сепак потребно е поедноставно и директно решение кое ги задоволува меѓународните стандарди. Фриленсерите препорачаа дека е потребно да се развие национална стратегија и пакет мерки за поддршка и развој на фриленсерството и вработување на далечина со цел да се влијае позитивно на екоситемот за фриленсинг во С.Македонија и да се спречи иселувањето на млади и талентирани лица, кои постојано имаат потреба да се едуцираат и усовршуваат за да останат конкурентни на пазарот на труд.
“Дискусијата која ја имавме заедно со сите вклучени страни влеа надеж дека постои засегнатост и волја да се работи на оваа значајна тема. Во моментот губат и двете страни и државата и фриленсерите. И ако може да истакнеме : имаме и трета страна - а тоа е пазарот на тие услуги кој во С.Македонија ќе остане неконкурентен доколку не го развиваме.
Верувам дека оваа дискусија е појдовна основа за регулирање на статусот на овие лица, согледување на предизвиците и можностите и креирање насоки за делување.” - додаваат од Импакт Фондација
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.