16 Јануари, 2025
0.0349

ТРОЈЦА СИГУРНИ, УШТЕ КОЛКУ ВЛЕГУВААТ: Последен ден за кандидирање, кој ја сака позицијата на Заев во СДСМ

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Колкумина ќе влезат во трката за лидер на СДСМ ќе се знае денеска до крајот на денот кога истекува седумдневниот рок во кој сите заинтересирани членови на партијата можеа да се самокандидираат, а откако актуелниот лидер Зоран Заев поднесе оставка од функцијата.

За неговото место официјално претендираат Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Властимир Алексовски. Нивните кандидатури се веќе поднесени и ќе чекаат на изборите кои се вонредни и се закажани за 12 декември годинава. Денеска ќе стане јасно дали на партиските избори ќе се кандидира Јован Деспотовски, долгогодишен член на партијата, актуелен директор на Дирекцијата за ТИРЗ. Тој вчера најави дека сериозно размислува да го стори тоа, но дека конечната одлука ќе ја донесе денеска. Дали во битката ќе се вклучи и Миле Зечевиќ кој најави своја кандидатура исто така останува да покаже денот. 

Она што е сигурно, ако се суди по неговите изјави, за оваа позиција нема да претендира актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, кој имаше некои бледи најави за тоа. Димитриевски настапи на изборите за градоначалник како независен пшратеник, но формално се уште е член на партијата. Сепак вчера изјави дека овој систем на избор не е според Статутот на партијата. 

„Се одредуваат состаноци на месни организации, општински организации и се даваат предлози, самите предлози потоа ги потврдуваат општинските организации и на крајот, значи се отвора постапка и за самокандидатури, во кои што треба членството да исфрли кандидат, а не да пишуваме ние кандидатури со самокандидирање и да се правиме сами претседатели пред време, соопшти Димитриевски во изјава за ТВ 21.

Малку претходно неговиот сограѓанин, кумановецот Алексовски се вклучи во оваа трка. СДСМ соопшти дека  Властимир Алексовски, е член и активист на СДСМ од Општинската организација на партијата во Куманово.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата. Тој услов го исполнува Ременски која дури некако „истрча“ во кандидатурата и ја поднесе некое време пред Ковачевски кој пак беше промовиран и од самиот Заев.

„Сметам дека најмалку беше очекувана мојата кандидатура. Не сум зборувала отворено за некакви лидерски позиции во СДСМ, но со оглед на предизвикот пред кој се наоѓа партијата сметам дека имам капацитет, знаење, храброст и волја како и тим кој ќе може да го обезбеди она што е најдобро за граѓаните и државата. Воедно и да го врати СДСМ на победничките шини“, изјави за ТВ21, Ременски.

Ковачевски пак својата програма ја нарече Заедно и рече дека со неа ќе настојува да ги обедини сите сили, вклучувајќи ги и поранешните членови на партијата, како Максим Димитриевски. Најави освежување на раководни позиции и со нови стручни лица од надвор.

Тој ветува фер шанса, но и предност и форсирање на стручните, образованието, вредните, докажаните, неподмитливите, искусните луѓе на вистински места со цел градење на систем кој испорачува, ефикасно и навремено.

„Ќе создаваме тимови и советници кои стручно ќе може да делуваат и ги застапуваат темите пред граѓаните, во јавноста, а не политички. Нам не ни требаат ‘слепи послушници’ кои СДСМ ќе го бранат по секоја цена и тогаш кога ситуацијата е неодбранлива, туку лица со авторитет, кредибилитет и знаење кои ќе ги бранат интересите на граѓаните и кои ќе даваат максимум од себе и ќе бараат максимум од другите во испораката на сервиси и услуги кон граѓаните“ вели Ковачевски.

А Деспотовски изјави дека ова е доста одговорна позиција, особено сега.

„Широчината во кадровската понуда за идниот лидер на партијата е еднакво важна и за квалитетот и за образот на партијата, но и за да ја испочитуваме и вреднуваме пораката која ни ја испратија гласачите на последните избори. Затоа е добро што се покажува дека во партијата има луѓе кои се подготвени да преземат одговорност но и товар во овие моменти. СДСМ и досега покажал дека е партија со интегритет, капацитет и подготвеност да интегрира и да обединува, вели Деспотовски. 

Ако има повеќе кандидати, можен е втор круг на внатрепартиските избори. Ако една личност не освои повеќе од половина гласови, тогаш најдобрите двајца ќе одат во втор круг. Тоа го предвивува статутот на партијата.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус