Тројца мексикански војници загинаа откако нивниот хеликоптер беше соборен
Објавено во: Свет 02 Мај, 2015 11:20
Тројца војници од мексиканските вооружени сили загинаа откако нивниот хеликоптер беше соборен од непознат стрелец во западниот дел на земјата, пренесе AFP.
Насилството во западно Мексико ескалира откако властите објавија војна на најголемите наркокартели и почнаа операција против нив. Вкупно седум лица загинаа во регионот, меѓу кои еден полицаец и тројца соработници на картелот.
Исто така, предметните активности може да се дел од војната меѓу криминалните групи. За влијание во државата Халиско, во кој е сместен Гвадалахара, се борат неколку нарко картелИ. Најголемиот меѓу нив е "Нова генерација".
Службениците забележуваат дека дадениот картел е до толку влијателен дека дури има свои погони за производство на автомати и пиштоли. Картелот исто така користи услугите на платеници, вклучително и од странство.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




