Трпеновски: Фрлена силна сенка врз СЈО, ова е пораз за сите нас
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019 13:09
Дури и како личен пораз. Така ги доживуваат дел од лицата во правосудниот систем последните случувања околу Специјалното јавно обвинителство. Поранешниот прв човек на Јавното обвинителство на Македонија Јован Трпеновски во изјава за Фактор го потврдува овој впечаток и вели дека тоа што Катица Јанева на некаков начин се поврзува со случајот кој вчера беше обелоденет фрла огромна сенка врз работата на ова обвинителство, орган во кој сите веруваа.
„Во последно време СЈО нема таков авторитет како што имаше затоа што се создаде впечаток дека поради неговите истраги ќе завладее законот и дека ќе има правда, а тоа баш не се случи. Последниот случај по сето што се случуваше во последно време во врска со тие предмети кои ги отвори СЈО е сепак едно големо разочарување. Беа изнесувани информации дека има селективност и порано и јас тоа го земав со резерва, затоа што како се одвиваат истрагите знаат обвинителите и судиите. Ова последново е сосем друго и фрла сенка кон сето СЈО, вели Трпеновски.
Тој е категоричен дека кривичните дела се исклучиво индивидуална одговорност и дека за сторен кривичен прекршок секој одговара сам, но вели дека кога има вакви случаи како овој со Јанева секој оправдано креира став за дека целата институција е разнишана.
„Секој што ќе стори кривично дело треба да сноси поединечна одговорност. Но тој орган е одговорен за правда. Мора да сме прецизни. Иако треба да го гледаме случајот со еден обвинител одвоено, но лично морам да кажам дека жалам што излезе вака. Бевме како и повеќето поддржувачи за тоа обвинителство и некако и мене лично ми е пораз, вели Трпеновски.
Дециден е дека Македонија не покажа политичка зрелост за енергична битка и смета оти СЈО на некаков начин беше злоупотребено од една политичка партија.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




