19 Декември, 2025
0.0778

„Труст“ : СЈО открива како со фалсификувана документација се добивале тендери

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2017 12:12

Добивај вести на Viber

Труст е новата истрага на СЈО.

Обвинителката Фатиме Фетаи, вели дека со фалсификувана документација е добиен тендер и ансекс со што се заработени незаконски 1.6 милијарда денари.

Се работи за јавна набавка за ископување во Суводол. Има три разговори во кои се открива дека имало незаконски дејствија. Три лица свесно ги повредиле постапките за јавна набавка.

Доставена била невистинита  документација за сопственоста на механизацијата. Имало фактури и договори за наводно купена механизација и договори за лизинг. Осомничени се три физички и три правни лица. 

Од СЈО информираа денеска на прес-конференција дека за секоја повреда на законите која се однесува на јавната обвинителка Катица Јанева и другите обвинители, ќе поднесат тужби и ќе бараат казни согласно закон.

„Иако сме овластени тужители кои ги бранат интересите на граѓаните на РМ, од одредени функционери и функционери во институции, не го почитуваат законот и не ја почитуваат оваа институција и ќе се спротивставиме. Ние ќе продолжиме да работиме професионално“ – изјави  обвинителката Катица Јанева.

Истрагата за Титаник е проширена за 17 лица, а има и повеќе кривични дела. Вмешани се лица од власта, и лица кои се вработени во државни институции.

Ова произлегло од преслушаните фајлови.

Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан