ЦЕНАТА НА ВРЕМЕТО
Објавено во: Анализа 15 Октомври, 2012 18:28
Гледајќи го Бен Бернанке од другата страна на океанот, Мари Драги веројатно увиде дека довербата која донекаде успеа да ја врати ФЕДот во економија предизвика САД да не влезат во втора рецесија после големата криза, додека Европа се чини почна да тоне во таканаречено дупло дно и беше само прашање на време кога истите мерки ќе бидат применети на стариот континент. Дојде времето на големата евроспка базука. За што поточно се работи ?
Откога беа донесени мерките за штедење во ранливите екомии планот очигледно отиде во втора фаза, и како што сите знаеме ЕЦБ донесе одлука без преседен во нејзинита досегашна историја. Неограничена интервенција на пазарите на обврзници. Во основа тоа значи пуштање на пари во системот... пуштање на многу пари во системот (иако уште е најасно како до крај ќе се спроведува целата операција). Обврзниците на задолжените држави ќе ги купува ЕЦБ, нивниот принос ќе паѓа, тие ќе може да се рефинисираат по попристојни камати и ќе добијат време. Главниот ресурс кој што во оваа критична фаза и недостасува на Европа.
Зошто е потребно времето?
За да се врати довербата. За прашањата на опстанок на еврото да се тргнат еднаш засекогаш на страна. За да се случи ментална трансформација во главите на луѓето дека се не е црно како што изгледа. Дека не смеат да дозволат пророштвото за пропаст на светот да се самоисполни. Кога ќе се тргне тој товар од неминовна пропаст кој веќе некое време го носи Европа, проблемите ќе почнат да се решаваат.
Што е првата последица на оваа одлука ?
Шпанија како што сите знаеме до пред некое време беше држава која поради нејзината економија не смееше да пропадне бидејќи со себе ќе ја повлечеше и Италија и така југот на Европа ќе останеше без ниту една должнички стабилна држава (парадоксално само Бугарија би била таква). Берзите тонеа на самата помисла дека Шпанија нема да може да ги врати долговите. Кога се донесе одлуката на ЕЦБ да купува обврзници паниката се смири и приносот на обврзници на Шпанија почна да паѓа и тогаш се случи чудо, пазарот почна да расте баш поради тоа што Шпанија сега веќе може да бара спас. Она што пред некое време значеше пропаст на светот, во тој момент беше најдобра работа за економијта. Но тука шоуто не завршува, па сега Шпанија т.е. нејзините лидери велат помош не ни треба бидејќи доколку побараме ќе не снајде истото како во Грција.
Како ќе заврши целата приказна. Не верувам дека некој знае со сигурност, но едно е сигурно, сведоци сме на едно од најинтересните економски случувања кои некогаш му се случиле на светот.
Димитриоски Милан
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





