05 Декември, 2025
0.0399

Цените на становите во Скопје ќе паѓаат до март?

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2012 21:20

Добивај вести на Viber

Цените на становите во Скопје се на рекордно ниско ниво во последниве неколку години, но до март се очекува нивно дополнително намалување, велат за „Фактор“ неколкумина агенти за недвижности. Ваквиот развој на пазарот тие го објаснуваат со зголемената градба, но и намалената побарувачка. Куповната моќ на граѓаните, велат, никогаш не била помала, а и банките се се поригидни во одобрувањето на станбените кредити. Што поради презадолженоста на тие што се кредитоспособени, што поради политиките што им ги налага Народната банка. - Во моментов продажбата на станови е многу опадната. Нема побарувачка на станови, луѓето само гледаат и дури не ни прашуваат за цената. Сите се во големо исчекување, чекаат да се намалат цените. Најзаинтересирани за купување се младите брачни парови. Тие најчесто бараат помали станови, на 5-10 километри од центарот на градот - вели Васе П., кој веќе десетина години работи како агент за продажба на недвижности во главниот град. Според она што може да се забележи на сајтовите за за огласи на недвижности, во моментов во Пинтија, на пример, се продаваат станови во градба за 750 евра за метар кавдратен. Толкава е цената и на новите станови во Бутел, Чаир и Скопје-Север. Нешто поскапи, по цена од 800-850 евра за квадрат се становите во Ѓорче Петров. Потоа, со цени од 900-1.000 евра следат Новo Лисиче, Влае, Тафталиџе. Според агенциите за недвижности, одредено дополнително намалување на цените може да се очекува, но не преголемо, бидејќи градежниците веќе работеле на раб на рентабилност. Инвеститорите пресметале дека трошокот ги чини 700-750 евра по квадратен метар, плус 20 проценти за локацијата. Реалната заработувачка велат е од 10-15 проценти, но тука треба да се земат предвид и отплатата на кредит, времетраењето на изградба од најмалку две години и слично. -Најголемо намалување последнава година имаше кај луксузните станови, од 10-20 проценти, но кај нив се уште постои простор за дополнително намалување. Тие сега се продаваат по цена од 1.350 - 1.800 евра за метар квадратен, која е оправдана ако се има во предвид квалитетот на материјалите што се вградува во нив и местоположбата на становите, но поради малиот интерес за нив може да се очекува нивната цена дополнително да оди надолу - велат агентите. Според последните податоци на консултантската куќа „Фортон“, во првата половина на 2012 година во Скопје се граделе 3.200 нови станови, што е за 8 проценти повеќе во однос на лани.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“