Добивај вести на Viber
Во Црна Гора растат трошоците за живот, а растот на платите и пензиите не може да го следи поскапувањето на потрошувачката кошничка.
Минималната потрошувачка кошничка е 1.6 пати поголема од просечна плата или 2.9 пати од просечна пензија. Почнувајќи од 2010 година па наваму платата пораснала за 11 евра, а кошничката за 51 евро. На крајот на 2015 година, потрошувачката кошничка во Црна Гора изнесувала 806.8 евра, а за 5 години пензијата пораснала за 8 евра.
За оваа година се очекува покачување на платите во администрација и на пензиите.
Во Црна Гора со покачување на цените на нафтата, скокаат и цените на храната и услугите, а многу поретко се случува обратното.
Во земјата минималната плата изнесува 193 евра, за што одредени политичари сметаат дека е понижувачка за живот во 21 век, а голем е бројот на работници кои работат на „црно“ и на кои не им се уплаќа работен стаж.