Црвен Крст подели 60 тони вода и 8.283 пакети со храна на поплавените
Објавено во: Македонија 10 Август, 2016 17:31
Црвен Крст достави 60 тони вода и 8.283 пакети со храна во изминатите четири дена, соопштија денеска од организацијата.
Дистрибуирани се и пакети со хигиенски средства, пелени, душеци, ќебиња, облека за погодените семејства во скопско.
Укажани се и 50 асистенции по прва помош, а реализирани се и четири медицински транспорти.
Во активностите вклучени се 80 луѓе, волонтери и стручна служба на Црвениот крст, седум мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.
На жиро-сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, на која правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош, досега се собрани 9.630.333 денари. На телефонските линии 075/070/077 143 400 се собрани 8.918.000 денари.
Од Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопштија дека заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија потпишале спогодба за измена на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Со тоа во случај на елементарна непогода бројот на слободни денови се зголемува од три на седум дена.
Со Спогодбата е дадена и можност бројот на слободни денови дополнително да се зголеми во случај на прогласување вонредна или кризна состојба.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




