16 Јануари, 2025
0.1502

Црвенковски и Груевски во клинч за буџетот, ВМРО ДПМНЕ на помош повика и студенти и синдикати!

Објавено во: Економија 19 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Власта и опозцијата не можат да најдат заеднички јазик за Буџетот за 2013 година. Ниту, по денешната, втора координација кај спикерот Трјако Вељановски, нема договор. Нова координација, трета по ред е закажана за утре.

Наташа Стојановска

Опозицијата го одби и денешниот предлог на првиот парламентарец Трајко Вељановски.  Предлогот на Вељаноски бил, сите амандмани за буџетот да бидат испратени до Владата односно до министерството за финансии, и наместо за нив да се расправа во собраниските комисии, Владата писмено да се изјасни за амандманите. Ова би значело дека Владата писмено ќе треба да каже кои амандмани ги прифаќа, а кое не, по што извештајот би се доставил до Комисијата за финансирање и буџет и до Законодавно-правната комисија. Потоа со записник и до спикерот. Но, ваквиот предлог СДСМ го одби со став дека тоа значи кршење на Деловникот но и дека предлогот не нуди решение.

„Предлогот на Трајко Вељановски , претпоставувам дека е даден во името на ВМРО ДПМНЕ и во име на Владата , е  безобразен , неддоличен и е кафанско пазарење. И предтходно и сега и до крај информираме дека ние со парите на граѓаните не се ценкаме и во таков пазар не влегуваме “, изјави Игор Ивановски од СДСМ.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, неколку часа по зваршувањето на координацијата кај Вељановски , на прес конференција од салата на Владата порача дека предлогот за нив е прифатлив.

„ВМРО-ДПМНЕ направи големи напори да дојде до деблокада на буџетот “, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески, додавајќи дека амандманите ќе се разгледаат внимателно и оние амандмани што се совпаѓаат со концептот на владата, а тоа е подобрување на животниот стандард на граѓаните, ќе бидат прифатени.

Сепак, со оглед дека и денеска нема договор меѓу власат и опозицијата за  деблокирање на носењето на Буџетот за 2013 година, за утре е закажана нова координација кај спикерот Вељановски. На утрешната средба, најверојатно ќе биде повикан и пратеникот Изет Зеќири кој има поднесено околу 400 амандмани. Ќе бидат повикани и ДПА, која има исто така има поднесено неколку стотици амандмани.

Во меѓувреме , во тензична и напната атмосфера, продолжува дебатата за амандманите во Комисијата за финансирање и буџет, каде досега се  поминати 156 амандмани од вкупно 1.225 колку што има поднесено. И пратениците од власат и пратениците од опозицијата во салата, речиси и да не дебатираат за амандамните туку меѓусебно се обвинуваат за тоа кој е виновен за ваквата состојба, а не запираат ниту дофрлањата од место додека некој зборува од говорницата.

Инаку, понеделник, е последниот ден до кога претседателот на Собранието може да го стави Предлог-буџетот како точка на дневен ред на пленарна седница, за тој да може да биде донесен на 31 декември.

Штипските студенти ја повикаа опозицијата да не го кочи Буџетот за 2013

Штипските студенти реагираат на блокадата на буџетот . Студентскиот парламент на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и посочи на опозицијата да има предвид оти со политичките интереси се загрозува и нивното образование и реновирањето и изградбата  на нови студентски домови. „ Секој студент во Република Македонија живее и опстојува од парите за стипендии и кредити, блокирањето на буџетот значи дека сите студенти ќе бидат оставени без пари кои им се потребни и со кои се школуваат. Политичкиот инает и пазар не смее да го загрозува образованието на младите и да ја доведува во прашање нашата иднина, рече Горан  Стаменков, претседател на студенскиот парламент.

Навремено носење на буџетот побараа и Синдикатите на полицијата и на одбраната

Заради интересите на полицијата и на армијата, нивните Синдикати  бараат да се најде начин Буџетот навреме да биде донесен.

„Повикуваме на размисла за последиците по внатрешната и надворешната безбедност во државата, бидејќи економската нестабилност, политичката криза, со сигурност предизвикува и безбедносна криза, изјави Тихомир Климоски, претседател на македонскиот полициски синдикат.

„ Секое ненавремено донесување за Република Македонија ќе значи далекусежни негативни реперкусии, а најглавната е ротацијата на мировните мисии во почетокот на 2013 година. Тоа како држава кандидат за членство во НАТО, особено за секторот - одбрана, ќе значи и несериозност како партнер кон сите останати земји кои партиципираат во мисиите, изјави Ристо Ајтов од Синдикатот на одбраната.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја