05 Декември, 2025
0.1215

Црвенковски пресече: Буџет ќе нема зошто власта е наркомански зависна од трошење!

Објавено во: Економија 21 Декември, 2012 08:00

Добивај вести на Viber

Оваа власт е наркомански зависна од задолжувања и ја турка земјата во грчко сценарио, а ние сме принудени тоа да го спречиме, изјави  лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во интервју за 24 Вести. Најави дека опозицијата нема да се повлече од намерата преку амандмани да интервенира при носењето на новиот буџет. “Точно е дека ова е битка за да се спречи хаосот во којшто не турка власта. Македонија се движи кон грчко сценарио, оваа власт е наркомански зависна од се поголеми заеми. Не е нормално пари земени од надвор да се трошат на тениски игралишта, жални врби и споменици, сето ова се непродуктивни трошења што не ги враќаат задолжените пари“ – изјави Црвенковски. Најави дека предлозите на Власта опозицијата ги одбива и дека очекува амандманската расправа да продолжи. “Во ниту еден момент немавме илузија дека власта ќе не пофали или дека ќе води кадифена битка против нас. Ниту еден од предлозите што ги дадоа не само што не се разумни и конструктивни туку она што беше соопштено значи суспензија на парламентот, да се укине можноста пратениците да ги образложат амандманите, да се оневозможи јавноста да добие информација за што се расправа и се да се сведе само на допис дека неколку амандмани се прифаќаат, потоа тој допис да го потпишат пратениците од владеачкото мнозинство, и толку. “- рече Црвенковски. Меѓународната заедница ќе биде известена за случувањата Тој обвини дека Владата за три години го зголемила јавниот долг за 30 проценти додека на внатрешен план задолжувањето се зголемило за 55 отсто. Претседателот на СДСМ вели дека проблематични се две работи. Прво – зошто економијата забрзано се задолжува и второ – за што се трошат кредитите односно заемите. Црвенковски најави дека по писмото до Светска Банка, опозицијата ќе прати исти такви писма и до други инстанци. “Писмото до Светска Банка не беше со цел да бараме подршка од нивна страна туку да ги кажеме нашите ставови. Сега ќе ги известиме и сите амбасади во земјава и Европската Унија зошто сакаме сите да бидат информирани за мотивите на опозицијата. Светска Банка е банка, таа не ни дава подарок. На крајот ќе си ги наплати парите, а кога ќе дојде тоа време, парите нема да ги враќаат вработените и функционерите на Светска Банка, туку ние“ рече Црвенковски за 24 Анализа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното