19 Декември, 2025
0.0895

ТТК Банка со намалени надоместоци во платниот промет и СЕПА кредитни трансфери од 8.10.2025

Објавено во: Мои пари 11 Август, 2025 14:56

Добивај вести на Viber

Водејќи се од заложбата за овозможување современи и достапни банкарски услуги, ТТК Банка од 8 октомври 2025 година воведува поповолни услови во платниот промет и ја проширува понудата на платежни услуги со овозможување кредитни трансфери во евра преку европската платежна шема СЕПА (SEPA - Single Euro Payments Area).

Со измената на Тарифата за надоместоци на услуги  се укинуваат и намалуваат дел од надоместоците за извршување платежни услуги за физички и за правни лица, со посебен акцент на МИПС плаќањата како и на електронските плаќања преку дигиталните канали. Поттикнувањето на користењето платежни услуги преку интернет - ТТК Е-банк и преку мобилната апликација -ТТК М-банк, е дел од заложбите на Банката за унапредување на дигитализацијата и за развој на одржливи решенија во платниот промет.

Воведувањето на кредитните трансфери преку СЕПА ќе овозможи побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра, по поволни услови споредливи со оние во земјите од еврозоната.

Преку сите овие новини, ТТК Банка ќе им понуди на своите клиенти поедноставено, поповолно и понапредно банкарско искуство, усогласено со европските стандарди и современите трендови во платниот промет.

За повеќе информации за новите услови за СЕПА кредитните трансфери и изменетата тарифа, посетете ја најблиската експозитура на ТТК Банка или следната врска: Известување за измена на надоместоци со примена од 8.10.2025

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка