ТУРБО РАБОТА И НЕЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ: И во Македонија се умира од преработеност
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2021 06:52
Прекумерното работење физички и психички ги оптоварува работниците и води кон здравствени проблеми.
Стрес, несоница, исцрпеност, се само дел од работите со кои се соочуваат македонските работници кога е во прашање менталното здравје, набројува психологот Милка Ололоска. Таа вели дека кај нас дел од луѓето се во трка за да преживеат, а другите пак се во трка за акумулирање на што поголем капитал.
„Секоја работа бара и ментално ангажирање, нудење на решенија, давање на идеи. Што и да работиме ние ментално се оптоваруваме. Поради работата луѓето ги мачи хроничен стрес, а со тоа доаѓа и пореметување на сонот, нередовно јадење. Ако луѓето не се задоволни од работа, тоа го носат и дома. Се чувствуваат напнати, исцрпени, презаситени, вознемирени и не гледаат некоја цел или перспектива, туку едноставно гледаат да преживеат, да си обезбедат егзистенција. Сетоа тоа е како еден затворен круг. Работите во системот се така поставени и затоа луѓето немаат некоја мотивација. Дури и она слободно време кое го имаат, поради пандемијата и други фактори не го поминуваат квалитетно“, вели Ололоска.
Д-р Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) објаснува дека прв фактор е тоа што луѓето освен што работат по 8 часа на ден во некоја компанија, за да ги задоволат потребите на семејството, работат и дополнителна работа, со што се физички оптоварени. Плус, кај нас населението не практикува здрав начин на живот.
„Некој треба да седне и да ја види целата слика. Кај нас луѓето водат нездрав начин на живот, пушат цигари, со што голем дел имаат оштетувања на респираторниот систем. Ова можам да го кажам од моето искуство од 30 години и луѓето кои имаат нездрави животни навики, по долги години ќе имаат последици по здравјето, а со тоа го трошат и здравствениот систем. Сериозни држави водат кампањи со кои го поттикнуваат населението да се откаже од пушење“, додава Чолакова Дервишова.
Заедничката студија на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната организација на трудот (МОТ) покажа дека на Балканот, но и во Македонија луѓето имаат голема смртност поради товарот на болести кои доаѓаат од долгото работно време и трудоинтензивните професии. СЗО и МОТ заклучија дека долгото работно време ја зголемува смртноста од срцеви заболувања и мозочен удар.
Интерните податоци објавени од ИНСТАТ, покажуваат дека просечното работно време во 2019 година било 41,3 работни часа неделно во Македонија, далеку подолго отколку во другите европски земји кои работат 30-35 часа неделно. Во регионот во просек најмалку работи јавниот сектор, а најмногу производствениот сектор, со 46,3 часа во просек. Вториот сектор со подолг работен ден е трговијата, потоа следат транспортот, угостителството, деловните услуги. Во продавници, барови, ресторани и хотели, вработените работат до 45 часа неделно.
Сања Атанасовскаfoto freepik
Можеби ќе ве интересира
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон
АКО БИ БИЛ МАНДАТАР, МИЛОШОСКИ БИ ГО СМЕНИЛ ФИЛКОВ: Еве што го налути коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ
Безбеден град почнува само во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10
„КОНЕЧНО, СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУНА ПАРК“: Почна јавната набавка за проектирање и набавка на новиот забавен парк во градот
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Казните од „Безбеден град“ официјално ќе почнат од 1 февруари
Наташа Крстевска-Цалева стана в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје




