01 Ноември, 2024
0.0263

Турција на лизгав терен: Ердоган не попушта, берзите паѓаат, полицијата под притисок

Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

120 часовни смени на улицата, притисок од страна на шефовите и тепање со демонстранти - така изгледа протестите кои скоро две недели траат во Турција, велат од полицијата. Освен дека самите демонстранти се соочуваат со насилство од претставниците на власта, полицајците пак се подложени на притисок од системот во која работат. Фарук Сезер, шеф на полициските синдикати потврди за турскиот весник Хуриет дека шест полицајци се самоубиле од почетокот на протестите. Според Сезер, условите на работа на полициските службеници се катастрофални. Тие понекогаш поминуваат по 120 часа на улица, а вработените, донесени од други градови, за да се справат со толпата по улиците на Истанбул, би требало да спијат на клупи или на своите штитови, поради недостаток на места каде што ќе бидат сместени. „Насилството од страна на полицајците е резултат на насилството на кое се изложени тие самите“, вели Сезер за весникот. „Нивниот проблем не е само со агресијата на демонстрантите, туку и 120-часовен режим на работа и со неквалитетната храна." Во моментов се собираат докази за тешките услови во кои работат полицајците за време на протестите, кои допрва треба да бидат предадени на обвинителството, тврди синдикалниот лидер. Полицискиот синдикат има вкупно 7 000 члена и беше основан пред една година за да ги штити интересите на вработените. Повици за воздржаност Во меѓувреме, протестите во Турција не го намалуваат својот интензитет, а ескалираа и овој викенд. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска преку специјално соопштение повика на „воздржаност и трпение“ и на трезвени глави во Турција, каде веќе две недели се одржуваат антивладините протести. Независни аналитичари стравуваат од заострување на вкупната ситуација, откако водството на владејачката Партија на правдата и развојот ги повика своите приврзаници на митинзи да му изразуваат поддршка на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган  и на неговата политика. Зборувајќи пред приврзаници на својата партија Ердоган ги навредуваше демонстрантите, нарекувајќи ги крадци и вандали. Тој порача дека неговата Влада се уште има трпение, но се закани дека неговото трпение, како и на Владата „имаат граница“. И лидерот на опозициската партија на Турција го повика премиерот да престане со ескалирање на тензиите и туркање на земјата во оган откако антивладините протести резултираа со три жртви до 11-тиот ден од немирите. Во меѓувреме турските паѓаат, а состојбата се влоши по критиките од страна на Ердоган кој ги обвини брокерите дека се обидуваат да профитираат од немирите.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ТИРАНА: Грција реагира за нападот врз Белери