Добивај вести на Viber
Турција може да стане најголем купувач на руски гас и да ja претекне Германија, која сега го зазема првото место, тврди шефот на Гаспром, Алексеј Милер.
Турција е заинтересирана за зголемување на купувања на рускиот гас, главно поради зголемените потреби , а веројатно и поради недостаток на испорака од други добавувачи. Според предвидувањата, тоа би можело да биде раст од околу 20 отсто во блиска иднина, рече Милер за „Finmarket.ru“.
За руската компанија турскиот пазар има најдинамичен раст. Неодамна, Турција го достигна второто место во однос на обемот на увозот на гас од Гаспром, а сега е веднаш зад Германија.
Гаспром во блиска иднина може да достигне максимален годишен договор за испорака на гас за Турција, која значи 30 милијарди кубни метри гас годишно, вели Милер.