Турците – меѓу најчестите странски туристи во Македонија
Објавено во: Мои пари 11 Март, 2014 10:32
„Среќни сме што можеме да се пофалиме дека изминатата година успеавме да го зголемиме бројот на странските посети, посебно од Турција каде бројката го надмина 8000-тиот турист, а со тоа директно учествуваме во годишното зголемување на странски туристи во Македонија кој во 2013 година бележи раст од 15%. Нашата агенција веќе со години бележи успеси во полето на туризмот и можеме да истакнеме дека најголем дел од БДП кој доаѓа од туризмот, е преку нашата агенција. Причина за тоа е сигурноста и довербата која во нас ја имаат нашите клиенти, репутацијата на агенцијата, како и самиот факт дека поседуваме сопствена флота на луксузни автобуси, со ТВ пред секое седиште и сателитски канали, нудејќи врвен комфорт за секој патник, како и соработка со најголемите авионски компании, што ни овозможува да организираме посебни чартер летови и да креираме специјални и атрактивни понуди“, изјави Аркан Керим, генерален менаџер на Генералтурист.Исто така една од поактуелните понуди, кои се дополнителна причина Македонија да биде посетувана земја, се популарните „Балкански тури“ кои како пакет овозможуваат посета на најавтентичните културно-историските споменици на земјите од Балканот. Во светот, во областа на туризмот е вработен секој десетти работник, па така инвестициите во таа област се можност да се намали бројот на невработени во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




