Добивај вести на Viber
„Global Ports“- турската компанија во Истанбул понуди 7.1 милиони евра за мнозинскиот пакет акции на Товарниот терминал од пристаништето Бар.
Како што е соопшти тендерската комисија за приватизација на црногорската Влада, понудата на турската компанија за 62,1 % од терминалот во Бар била единствената поднесена на јавниот повик.
Како што се наведува, „Global Ports“ понудила и реализација на инвестициски програми вклучувајќи и вложувања во инфраструктурата во износ од два милиони евра, како и во опрема 11.5 милиони евра во текот на три години.
Во соопштението се додава дека компанијата „Global Ports“ во моментов управува со трите водечки комерцијални пристаништа во Турција, од кои едното има и терминал за контејнери.