Добивај вести на Viber
Халк банка А.Д. -Скопје го именуваше Турхан Адеми за нов извршен директор и член на Управниот одбор на банката. Според известувањето од банката, објавено на Македонска берза, Адеми е назначен на функциите на 8 јануари, а обврските ги превзема на 30 јануари годинава.
Според информациите од Халк банка, останатите членови на Управниот одбор остануваат непроменети.