05 Декември, 2025
0.0347

Туристичкиот центар на Македонија ќе добие Автобуска станица каква што заслужува

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2012 17:34

Добивај вести на Viber

Автобуска станица и катна гаража наскоро ќе добие најтуристичкиот град во земјава. Катната гаража ќе биде изградена на просторот од сегашниот паркинг во градскиот пазар на површина од околу 1.300 метри квадратни. Таа ќе има пет ката и 320 места за паркирање. Со нејзината изградба ќе се регулира сообраќајот во централното градско подрачје но и ќе се зголеми општата безбедност. - Во централното градско подрачје во моментов имаме 1.450 паркинг места и со овие 320 ќе се зголеми  бројот на паркинг-места во градот. Ќе се изгради модерна катна гаража која пред се ќе значи намалување на сообраќајните прекршоци во тој дел од градот, а со тоа и зголемена општа безбедност, вели Зоран Шикалоски oд одделението за сообраќај во Општина Охрид. Современата катна гаража ќе биде опремена и со нагледни средства и се планира да биде изградена по пат на јавно приватно партнерство.Општина Охрид деновиве конечно ја отпочна постапката за изградба и на современа автобуска станица. И автобуската и катната гаража,  како што информираат од локалната самоуправа ќе бидат изградени по пат на јавно приватно партнерство. Општината ќе влезе во ова приватно партнерство со земјиштето, комуналиите и пропратната инфраструктура, додека јавниот партнер ќе влезе со изградба и бенефитот ќе го имаат како општината така и јавниот партнер и граѓаните, изјави Зоран Шикалоски.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“