ТУРИСТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕФЕРИРААТ ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ - убедливо најмногу гости од Турција, расте бројот на посети

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2024 14:16
Во април годинава Македонија ја посетиле 81.752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи.
Бројот на ноќевањата изнесува 151.720, при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2 проценти од странските туристи, објави Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број на туристи, најголемиот дел користеле хотелско сместување, поточно дури 76.662 туристи. Од нив, 24.472 биле сместени во хотели со пет ѕвездички, 40.392 во хотели со четири ѕвездички, 9.840 во хотели со три ѕвездички... Во преноќишта се сместиле 1.218 туристи, 1.150 во куќи, станови за одмор и соби за издавање, 596 во бањски лекувалишта, 445 во работнички одморалишта...
Од вкупно 62.978 странски туристи, 25.324 се од Турција, 3.254 од Германија, 5.006 од Србија, 2.766 од Грција, 2.319 од Бугарија, 2.116 од Хрватска, 1.892 од Словенија...
- Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,3 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 7,4 проценти, а кај странските за 19,3 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 15,2 проценти, кај домашните туристи за 15 проценти, а кај странските за 15,4 проценти - соопшти ДЗС.
Можеби ќе ве интересира
ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

„ВРЕМЕВО Е ЛУДИЛО, КАКО ЗИМА ДА ЧЕКАМЕ“: Попоски предупредува на невообичаена снежна покривка на планините

УШТЕ ЕДЕН МЕДИЦИНСКИ УСПЕХ ВО МАКЕДОНИЈА: Клековски се пофали, еве која нова интервенција ќе се изведува во земјава

„СЛЕДНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА СКОПЈЕ НЕК СИ ПОТПИШАТ ИЗЈАВИ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ“: Галетановски со став за идните градоначалници
