ТУРИСТИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Што не им се допаѓа и најмногу им „боде“ очи?
Објавено во: Македонија 06 Август, 2018
Туристите од различни земји кои ја посетиле Македонија велат дека државата е убава, има природни убавини, но недостатоци има многу.
Нивните забелешки се за инфраструктурата, хигиената, фактот дека во многу градови според нив нема доволно забава за туристите.
„Македонија е преубава. Националните паркови се прекрасни, има многу вода, што ја прави убава и богата земјата. Храната во Битола и Охрид беше многу вкусна. Генерално луѓето се многу љубезни. Но, лошите страни се што улиците се многу лоши, голема сиромаштија владее, смет има на секој ќош, не може паркинг да се плати со автомат“- вели Ана Тадиќ од Хрватска.
Урсула Тузковска, која живее во Велика Британија рече дека е заљубена во Македонија, Охрид е прекрасен, но смета дека нема доволно активности за гостите.
„Да се вози автомобил е многу стресно, но сигурно ќе се вратам за кратко во нашата земја затоа што за мене е број еден“- додава таа.
Доминика Солинска од Полска вели дека Охрид е фантастичен за одмор, но според неа во земјава инфраструктурата е лоша, а и безбедноста во државата не е на завидно ниво.
Биљана Пејовска-Ристевска од Стопанската комора за туризам објаснува дека за да ги согледаме вистинските забелешки кои би биле посочени од туристите како негативни страни на туризмот во Македонија без разлика дали се работи за странски или домашни туристи, потребно е да биде извршено истражување на ставови и потрошувачка на туристите од научна и стручна институција која врз база на одредени анализи со индикатори ќе изврши собирање на податоци во врска со: структура на гости, обележани дестинации, потрошени средства, степен на задоволство /незадоволство од користење на услуга во период на дадена сезона или година.
„Република Македонија нема Институт за Туризам како установа што се занимава со научно истражувачка дејност од областа која би можела прецизно да даде податоци врз кои би се изградила стратегија за квалитетно управување во организација на туризмот. Затоа како метод и начин за согледување на мислењето на туристите што недостасува, најчесто се базира врз искуствата кои ги имаат и пренесуваат туристичките работници од сите сектори во туризмот. Според нив колку што е големо задоволството од гостопримството на домашното население,гастронимијата и природните убавини, толку е и нездоволството од работи кои оставаат негативен впечаток кај туристите, а тоа сè патната инфраструктура и поврзаноста на малите дестинации меѓу себе, паркинг просторот, јавните тоалети, јавната хигиена, бавна услуга во одредени објекти, користење на медицински услуги во одредени случаеви и слично. Гостите знаат да вреднуваат квалитет, но и да искажат незадоволство од одредена услуга.Критиките на гостите не треба да имаат негативно влијание, напротив треба да се прифатат, со што ќе овозможат на стопанствениците во туризмот, но и на локалната средина прецизно и конкретно да ги насочат своите промотивни активности во иднина на точно целна група на гости во склад со нивните барања“ – наведува Пејовска-Ристевска.
Бројот на туристи во земјава постојано расте, а најбројни се Турците и соседите.
Секој македонски граѓанин, потрошил во просек 100 евра во странство лани, пресмета Народна банка на РМ, но странските државјани кои транзитираат или ја посетуваат земјата потрошиле, повеќе од оваа сума, барем на хартија.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.