ТУРИЗАМ: Како да ги задржиме гостите подолго и да им „извлечеме“ повеќе пари?
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2018
Ни треба збир од брендирана дестинација и производ, за да ги задржиме туристите подолго да престојуваат во Македонија, вели Биљана Пејоска-Ристеска од Стопанската комора за туризам.
Додава дека во туризмот не треба да се импровизира, туку треба да има соработка меѓу сите институции и приватниот сектор, за да се постигнат резултати. Вели дека бројката на посетители е само квантитет, но не и квалитет ако се земе в предвид дека има голем број на туристи од Турција, но тие само една ноќ се задржуваат во земјава, како дел од кружни тури.
„Потребна е не само формата, туку да има содржина и тоа вистинска. Сите мора да имаат сериозен пристап. Да имаме брендиран производ и брендирана дестинација и тоа да го понудиме на саеми. Ние имаме потенцијал, и ако имаме бањи, тогаш треба самостојно да понудиме аранжмани со седум дена и шест ноќи, но да се инвестира, да не стојат бањите запустени“- вели таа.
Туристите кои ја посетиле земјава најмногу пари трошат во хотелите, а најмалку при престој во мотелите.
Трошоците на странските гости во хотелите се движат од 8 565 денари во хотели со една ѕвездичка, па се до 17 641 денари во хотелите со 5 ѕвезди.
8 448 денари троши едно лице во мотел, а во бањските места по 19 036 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. За оваа цел, за да се добие прецизна слика, анкетирани се 1550 странски гости.
Бројките за 2016 година покажуваат дека во бањите странците остануваат во просек по 6 ноќи, во мотели по 2 ноќи, а во хотелите бројот на ноќевања варира.
„За три дена, односно продолжен викенд веќе има гости. Оние кои доаѓаат во Кратово, за да го разгледаат градот им требаат 5 часа, има пет моста, пет легенди кои треба да ги слушнат, друго, го посетуваат Коњух, Шлегово, и планинскиот дел, манастирот Лесново. Имам гости од Германија, Холандија, Полска, а за да трошат повеќе пари, јас можам да кажам дека нив ги интересира локалната храна, вино, мед, џемови и на заминување си купуваат. Тоа треба да им се понуди. Имаме ние и сирења, но тоа треба да се категоризира“- вели Стевче Доневски, сопственик на Етно куќа Шанчева.
Но, тој смета дека сите кои транзитираат низ Македонија треба да се задржат затоа што има региони во Македонија со богата историја и места кои треба да се видат.
Ако се погледне годишната заработка од туризам, Македонија и Косово се на самото дно во регионот, покажуваат податоците од Светската банка.
За период од 20 години во целиот регион туристичките приходи се во пораст. Македонија во 1995 година со околу половина милион домашни и странски туристи заработила 19 милиони евра, а 20 години подоцна со 820.000 туристи годишната заработката била 270 милиони долари.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.