19 Мај, 2024
0.0327

ТУРИЗАМ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА: Поделени откази, но искусните работниците сепак нема да ја изгубат работата

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во охридско и струшко, поделени се откази на луѓето кои работеле во кафулиња и ресторани, а во хотелите многу помалку.

Од ХОТАМ велат дека оние кои се отпуштени биле сезонски работници, но откако стана очигледно дека заради коронакризата сезоната ќе доцни, тие луѓе останаа без работа. Во хотелите бројот на отпуштени работници е помал. Од ХОТАМ додаваат дека иако има отпуштања, тоа не е масовно, ниту  алармантно.

„Работниците кои имаат долги години искуство нема да останат без работа, тие ќе продолжат да работат. Некои од нив можеби ќе земат 50 отсто од платата, но работата нема да ја изгубат. Оние кои се отпуштени се од мали ресторани и кафулиња, и тоа е нормално, затоа што ако објектите не работат и немаат приходи, не можат да ги платат.  Ги следиме мерките, препораките, имаме резервации за август, септември, и оние резервации за јули стојат. Не зависи само од нас, туку и од Европа, кога ќе почне сезоната, кога земјите во Европа, кога Холандија ќе ги отвори границите“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Тој додава дека добрите работници нема причина да бидат загрижени затоа што стручните кадри му требаат на македонскиот туризам.

„Во јануари, пред да почне целата оваа ситуација, мислевме како да обезбедиме работници, но сега се вратени и многу од кадрите кои беа излезени надвор. И таму ќе има промени, ќе се намали работата, така што проблемот со недостиг на кадар ќе биде решен. Работниците се подготвени, одморени, и едвај чекаат да почнат со работа“, рече Блажески.

Тој вели дека оваа сезона нема да биде идеална, поради новиот начин на живот кој го донесе коронакризата, но инволвираните во туризмот ќе се потрудат да извлечат максимум.

По 1 Мај во Македонија се очекува нормализација на животот во Македонија, но тоа нема да биде веднаш, туку постепено.

Во регионот и пошироко експерти излегуваат со прогнози, и велат дека сезоната оваа година ќе почне во јули, но одредени држави ќе имаат и строги контроли при влез на туристите, а посетителите на плажите ќе мора да држат дистанца.

Јужниот сосед ја споменува и опцијата „здравствен пасош“ со помош на кој туристите ќе добијат шанса да летуваат кај нив.

Од Германија пак стигнаа сигнали дека нивните граѓани не треба да планираат одмори, туку треба да почекаат, затоа што не се знае што ќе се случи во јули и август.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража