17 Декември, 2025
0.0746

Турски бизнисмени ќе инвестираат во Македонија?!

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2013 15:59

Добивај вести на Viber

Дваесетина турски бизнисмени од прехранбени, текстилни и градежни компании, членки на Асоцијацијата „Тумсиад“, ја посетија земјава  и остварија  билатерални средби со македонски компании од различни стопански дејности.

„Очекуваме дека до крајот на годината трговската размена ќе достигне над 400 милиони долари. Бројките не соодвестуваат со потенцијалите на двете змеји и треба повеќе да работиме за да ја зголемиме трговската размена“, истакна Шенол Туркинмас, трговски советник при Амбасадата на Турција.

На бизнис форумот организиран од Стопанската комора на Македонија претставниците на компании од двете држави ги разгледуваат можностите за заедничка соработка и продлабочување на трговските односи.

“Го истражуваме пазарот, од денеска сме овде и  конкетно  дали ќе инвастираме ќе зависи откако ќе го скенираме пазарот и ќе ги разгледаме потенцијалите“  изјави Мустафа Обен Озердемли, од асоцијација на бизнисмени Тумсиад. Шенол Туркинмас исто така кажа дека во првиот квартал трговската размена бележи пораст и се надева дека ќе продолжи со позитивен нагорен тренд.

Трговската размена меѓу Македонија и Турција во првото тримесечје од годинава бележи пораст од околу 7 до 8 проценти и изнесува околу 80 милиони долари. Во 2012 година беше забележан пад во однос на 2011 година кога размената беше 417 милиони долари. Асоцијацијата на бизнисмени Тумсиад брои над 12.000 членки и 54 филијали во Турција и 3.000 членови и седум центри низа цела Европа. Трговската размена меѓу двете земји лани во однос на 2011 забележа пад, додека за првото тромесечие од годинава бележи пораст за 8 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје