Турските туристи се далеку побројни од српските - кои посетители се на трето и четврто место?
Објавено во: Економија 11 Септември, 2025 16:59
Бројот на странски туристи е зголемен за 15 отсто.
Во јули дошле 55.129 туристи од Турција, 9.898 од Србија, 4.304 од Полска и 3.989 од Холандија.
Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10,2 отсто, односно кај домашните туристи има намалување за 0,1 отсто, а кај странските има зголемување за 15,1 отсто.
Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5,5 отсто така што кај домашните туристи има намалување за 0,5 отсто, а кај странските има зголемување за 11,5 отсто.
Во јули 2025 година бројот на туристите изнесува 209 932, а на ноќевањата 770 733. Од вкупниот број туристи во месец јули 2025 година, 42.1 отсто се домашни, а 57.9 отсто се странски.
Бројот на ноќевањата во јули 2025 година изнесува 770 733, од кои 69.2 отсто се од домашните туристи, а 30.8 отсто од странските туристи.
foto Wikipedia/kallerna* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија





