Tутунарите се мачат да најдат аргати, за берба се јавуваат само пензионери
Објавено во: Економија, Агробизнис 16 Септември, 2020 07:18
Тутунарите во Македонија многу тешко наоѓаат работна рака за берба на тутунот и велат дека ако вака продолжи, идните години ќе се произведува значително помалку тутун.
Колку аргати се потребни вкупно во Македонија за оваа работа нема точна бројка, затоа што од ден на ден варира обемот на работа. Оние кои можат, бербата ја завршуваат со најблиските, а другите бараат сезонци. Цената за работен час се движи од 160 до 200 денари. Младите не се нафаќаат на ваква работа, бидејќи е тешка, но и затоа што не ја познаваат доволно.
„Откако почна визната либерализација ние го имаме овој проблем. Луѓето почнаа да заминуваат во странство, и нема кој да работи. За берба тешко се наоѓаат аргати, и тоа се луѓе од 60 – 70 години, така што нема некоја ефикасност. Ова е макотрпна работа, треба да се бере брзо, треба добро да се знае работата. Обично работниците бараат по 170 денари за еден час работа, а дополнително треба и да им се обезбеди превоз. Луѓето претежно наоѓаат работници од Битола или Прилеп. Ако вака продолжи, ќе падне производството во Македонија под 15 милиони килограми тутун, и како такви нема да бидеме интересни за извоз. Тоа веќе се случи во Бугарија и Грција каде имаше огромен пад на производството на тутунот. Јас имам површина од два хектари, и работам со семејството“, вели Николче Илиевски, производител на тутун од селото Добрушево.
Во ова село околу 150 домаќинства се занимаваат со производство на тутун. Никола Вељановски од истото село има површини од 30 декари под тутун, и вели дека за берба ангажира по пет аргати.
„Многу тешко се наоѓаат работници. Секој не може да ја работи оваа работа, треба да се има искуство и знаење. Сите производители го имаат истиот проблем, и се мачат да најдат берачи. Јас ги намалив површините. Од тутун сѐ потешко се живее, затоа што двајца луѓе ако садат и берат, едноставно само од тоа не можат да живеат, а производството бара многу трошоци“, објаснува Вељановски.
Тутунарите бараат покачување на цените по класи, првата да си остане 280 денари, а втората да биде 220 денари, третата 170 и четвртата класа 90 денари за килограм.
Поради немање на работна сила се плашат дека од 10 до 15 отсто од производството може да остане необрано.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





