17 Декември, 2025
0.0752

Тутунски комбинат од Прилеп во загуба, а платите за 3 месеци пораснаа 1,6 милиони евра?!

Објавено во: Економија 03 Август, 2013 09:46

Добивај вести на Viber

Според консолидираниот извештај за првото полугодие од годинава, ТКП работи со загуба, но трошоците за вработените не се намалуваат. Напротив. Само за три месеци тие пораснаа за дури 1,6 милиони евра. Загуба од 1,5 милиони евра за првите шест месеци од годинава прокнижи Тутунскиот комбинат од Прилеп. Според консолидираниот извештај на загубарот доставен до Македонска берза, оваа загуба е за речиси 550.000 евра поголема во споредба со истиот период лани. Ако се споредат финансиските резултати од работењето во првиот и вториот квартал од годинава произлегува дека само за три месеци Прилепскиот Тутунски комбинат направил загуба од околу 400.000 евра (1,1 милион евра е загубата на Комбинатот во периодот јануари-март годинава). За три месеци платите во ТКП пораснаа за 1,6 милиони евра?! Консолидираниот извештај за првото полугодие од годинава покажува дека ТКП работи со загуба, но трошоците за вработените не се намалуваат. Напротив - растат. Првото полугодие вработените го чинеа ТКП 2,7 милиони евра. За периодот јануари-март годинава пак, ставката за трошоци за вработените на овој загубар изнесуваа 1,1 милион евра. На годино ниво пак, трошоците за вработените пораснаа за 16% (2,4 милиони евра изнесува оваа ставка во првиоте шест месеци во 2012 година). Загубата на Комбинатот генералниот директор Александар Дерменџиев, минатиот месец во медиумите ја правдаше со намалената побарувачка на цигарите кои се произведувбат во ТКП. “Загубата најмногу се должи на намалениот пласман на цигарите. Инаку, делот за откуп и преработка на тутун работи успешно. Што се однесува до прашањето за продажба на Комбинатот, за тоа не размислуваме,  туку за стратегиско партнерство со инвеститор од кого ќе се побара бизнис план“, објасни Дерменџиев неодамна.   Приходите од продажба во странство растат! Прилепскиот тутунски загубар од продажба во странство инкасираше 2,2 милиони евра за првите шест месеци, додека 1,2 милиони евра во првите три месеци од годинава. Лани пак, во периодот јануари-јуни Прилепскиот Тутунски комбинат инкасираше  речиси 738.930 евра. Овие податоци покажуваат дека пласманот на цигарите во странство расте. Расте и продажбата дома. Во првите три месеци од годинава Комбинатот инкасираше 4,2 милиони евра од продажба дома, а 11 милиони евра заклучно со 30 јуни годинава. Според анализата на финансискиот консолидиран извештај, овој загубар во првите шест месеци оствари 13 милиони евра од продажба, што е за 6% повеќе во споредба со инкасираните 953.008 евра истиот период лани. ТКП натрупа загуба од 11,5 милиони евра лани  Со загуба од дури 11,5 милиони евра Тутунскиот Комбинат од Прилеп ја заврши 2012 година. Податоците од неревидираниот консолидиран извештај на овој загубар објавени на Македонската берза покажуваат дека во 2011 година, Прилепски Тутунски Комбинат имаше загуба од неверојатни 25,5 милиони евра. Нејасно е како во време кога приватните компании Сокотаб, Струмица табак, Империјал тобако и Lions One работат профитабилно и влегуваат во Топ 50 најголеми извозници од земјава, државниот Тутунски комбинат од Прилеп тоне во милионски загуби и никој не бара одговорност од менаџментот. Во јули 2011 година генералниот директор на Комбинатот, Дерменџиев, склучи договор со две кинески компании за производство на цигарите „јин-јин“ и „99“, при што уверуваше дека токму овие зделки трипати ќе ја зголемат продукцијата на загубарот. К.П

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас