ТВ 24 ЌЕ ИМА НОВ ГЛАВЕН УРЕДНИК: Анета Додевска на челната позиција
Објавено во: Македонија 29 Декември, 2020
Од стартот на следната година Телевизија 24 ќе има нов главен уредник, Анета Додевска.
Тоа го објави новинарката и долгогодишна уредниочка во телевизијата а својот фејсбук профил.
„По скоро 10 години професионална работа во ТВ 24 , би сакала да информирам дека од 1 ви јануари ќе бидам главен и одговорен уредник на Телевизијата. Тимот продолжува со професионално работење, објективно информирање со цел – да се задржи и зголеми довербата на гледачите. На колегите и на сите Вас ви посакувам успешна Нова година со нови победи“, напиша Додевска.
Во моментов главен и одгповорен уредник на телевизијата е Маден Чадиковски.
Анета Додевска е долгогодишен новинар и уредник во телевизијата, од нејзиното основање.