ТВИТЕР ИЗГУБИЛ 80 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ - Маск сега најавува нови реформи и позајмува луѓе од Тесла и од други свои компании
Објавено во: Економија 24 Јануари, 2023
Во компанијата Твитер, кога дојде под контрола на Илон Маск, бројот на вработени е намален за 80 отсто и сега таму работат околу 1,3 илјади луѓе, јавува ТВ CNBC, повикувајќи се на интерни документи. Пред Маск да го преземе Твитер, компанијата имаше 7.500 вработени.
Повеќе од 500 огласувачи престанаа да се рекламираат на Твитер откако Маск ја презеде функцијата
Намалениот број вработени тешко може да ја одржи работата на социјалната мрежа и да и додаде нови функции, па Маск, според најавата, решил да покани 130 експерти од други компании, меѓу кои и Tesla, Space X и Boring Co. , да им помогне на вработените во Твитер.
Во исто време, Маск најави нова функција на социјалната мрежа - во наредните месеци ќе преведува на англиски и ќе препорача „други земји и култури“ за гледање.
На крајот на октомври минатата година Маск го купи Твитер за 44 милијарди американски долари.