ТВИТЕР „ВРИЕ“ ОД ШЕГИ: Младиот директор на Службен весник главна тема!
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
Твитер заедницата преку шегобијни пораки за роденденот денеска акцентот го стави врз ново именуваниот директор на Службен весник на РМ.
Имено 24 годишниот Лука Кржаловски кој пред неколку дена беше поставен за директор денеска слави роденден.
Во продолжение ви пренесуваме дел од најинтересните твитови
Диме Спасов закажал прес за утре пред матичната градинка "Кокиче", ќе го придружува и директорот на Службен Весник.
— Daniel Anastasoff (@algorit007) October 20, 2016
Fun fact: Директорот на Службен весник сеуште плаќа додатна премија за осигурување на автомобил.Сите до 26 се сметаат за зголемен ризик
— Mindplumber (@mindplumber) October 20, 2016
Директорот на Службен весник денес пуни 24 години. Ја да одлучувам, одма министер би го ставил, вака најубавите години безвезе ќе му поминат
— Миле Паника (@Mile_Panika) October 20, 2016
Пресот на СЈО е направен за да ве дефокусира од роденденот на директорот на службен весник кој што ке се слави во игротека Тиквичка.
— Оној со брадата (@legovski) October 20, 2016
Директорот на Службен весник уште ги нема добиено сите вакцини
— Mindplumber (@mindplumber) October 20, 2016
Во која игротека ќе слави роденден директорот на Службен весник?
— Шишарка (@Shisharka_) October 20, 2016
Имено, во биографијата објавена на страната на Службен весник на РМ на младиот Лука, пишува и дека Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј‘‘ во Скопје,а моментално е на магистерски студии исто така на Економскиот факултет при УКИМ, насока маркетинг.Денес директорот на службен весник навршува 24 години. Ај среќен нека е и аирлија прво бањање без мајка ти
— Dimko (@ddimkooooo) October 19, 2016